Размислете за вашата улога на директор на училиштето: развој на (повеќе) демократска култура во училиштето

Living Democracy » Principals » ЛИДЕРСТВО » Демократски стил на училишно раководство » Размислете за вашата улога на директор на училиштето: развој на (повеќе) демократска култура во училиштето

Демократското раководство на училиштето е предизвик и на едно училиште му треба време за да ја постигне таа цел. Треба да продолжите со мали чекори, наместо со големи. Оваа алатка ви помага во оценување на улогата на директор на училиштето. Идентификувајте кои цели важат за вас. Краткорочните цели опишуваат помали чекори што можете веднаш да ги преземете.

Краткорочни цели Среднорочни цели Долгорочни цели
Директорот на училиштето се воздржува од исклучително авторитарни изрази. Директорот на училиштето комуницира со училишната заедница на отворен и пријателски начин (принцип на реверзибилност). Меѓусебно разбирање помеѓу директорот на училиштето, персоналот и другите заинтересирани страни.
Директорот на училиштето наведува причини за неговиот/нејзиниот фокус кон специфични прашања. Директорот на училиштето презентира прашања и проблеми што треба да се решат со вработените. Претставниците на персоналот, учениците и родителите се вклучени во поставувањето на агендата за донесување одлуки.
Директорот на училиштето ги објаснува неговите или нејзините законски одговорности и ограничувања. Директорот на училиштето ги слуша и размислува за предлозите на наставницитеза тоа како да се организира училиштето. Директорот на училиштето, наставниците и учениците планираат и спроведуваат проекти за развој на училиштето.
Директорот на училиштето им објаснува на наставниците за целите што тој или таа ги има предвид. Директорот на училиштето разговара за алтернативните опции во донесувањето одлуки со наставниците. Претставниците на персоналот, учениците и родителите се вклучени во донесувањето одлуки.
 Директорот на училиштето ја објаснува неговата или нејзината загриженост при оценувањето на постигањата и однесувањето на наставниците. Директорот на училиштето ги избира задачите на одделни наставници. Персоналот, учениците и родителите ја преземаат одговорноста за развојот и работењето на училиштето.
Директорот на училиштето ги објаснува неговите или нејзините методи за решавање на конфликти. Директорот на училиштето избегнува авторитативна употреба на моќ за решавање на конфликтите. Решавање на конфликти преку соработка и комуникација.

Оваа алатка се заснова на Како да се развие демократска атмосфера во училницата 
http://living-democracy.com/mk/textbooks/volume-1/part-2/unit-1/chapter-2/lesson-7/