Рамка за учество и донесување одлуки во училиште

Living Democracy » Principals » ЛИДЕРСТВО » Демократско раководство на училиштата – пристап за училиштето како целина кон ОДГ/ОЧП » Рамка за учество и донесување одлуки во училиште

Броевите 1 – 5 се однесуваат на белешките подолу.

Белешки

Пред да започне дискусијата за прашања и одлуки, треба да се воспостават правила за да се реши прашањето „Кој за што одлучува?“. Слично како заедница на национално ниво, на училишната заедница и е потребна формална институционална рамка што им дава можност на учениците, родителите и наставниците да кажат свои зборови и да оддадат почит на законската одговорност на директорот на училиштата. (Види Референтна рамка за КДК, том 1, стр. 27 f.). Низ цела Европа, правата на учениците, родителите и наставниците во донесувањето на одлуки се разликуваат од една до друга земја. Во некои земји, училиштата имаат одредена слобода во воспоставување рамка за учество и одлучување, додека во други земји, оваа институционална рамка е утврдена со закон. (Погледнете го прирачникот за ОДГ/ОЧП за наставници, книга III, Живеење во демократија, кој вклучува лекција за тоа како треба да се управуваат училиштата: http://www.living-democracy.com/mk/textbooks/volume-3/part-4/unit-9/lesson-4/)

Без оглед на тоа кој пристапот ќе се донесе, за тоа како треба да се управува училиште, мора да се одлучи на демократски начин:

  • Како може на сите наставници, ученици и родители да им се даде можност да учествуваат?
  • Како може одлучувањето да се организира и демократски и ефикасно?
  • Кои се одговорностите на персоналот?
  • Која е улогата и одговорноста на директорот на училиштето?

Дијаграмот прикажан на претходната страница се заснова на усвоена правна рамка. Тој е пример за тоа како можат да се решат прашањата споменати погоре. Алтернативни институционални дизајни исто така постојат, но прашањата на кои мора да одговорат се исти.

Следниве белешки се однесуваат на приказите во дијаграмот.

Ниво на клас

(Бр. 1) Демократското учество започнува на нивото на клас каде сите ученици можат да учествуваат. Времето за класен совет или класно собрание може да се интегрира во распоредот. На пониско и горно средно ниво, учениците избираат двајца портпароли за нивниот клас или насока. Овие портпароли им приоѓаат на наставниците за да ги претставуваат интересите на учениците, така што тие не се асистенти на наставниците. Ва основно образование, децата не избираат портпароли, туку присуствуваат на седмичен класен совет. Водени од нивниот наставник, тие учат да ги искажат своите интереси и ставови и да се слушаат едни со други.

School level

Ниво на училиште

(Бр. 2) Во повеќето земји, ќе најдете одредби во наставниот план или законодавство за правото на учениците за учество. Во примерот прикажан овде, и учениците и родителите избираат претставници да дејствуваат во нивно име на ниво на училиште. Овој аранжман е демократски и ефикасен, бидејќи учеството во управувањето со училиштата бара време и стручност. Како директор на училиштето, вие играте важна улога во поттикнување и поддршка на учеството на учениците и родителите во вашето училиште. (Види Демократско управување на училиштата, Совет на Европа издание од 2007 година, стр. 37)

Сите класови и насоки ги претставуваат нивните портпароли во ученичкиот парламент. Ова тело се состанува редовно најмалку еднаш месечно. Агендата го вклучува секое прашање од училишниот живот од гледна точка на учениците, како што се квалитетот на наставата и учењето, училишните оброци, училишните простории, одмор и рекреација, или безбедност. Училишниот парламент може да назначи училишен кабинет со специјални претставници или министри, за да развиваат активности со минимална поддршка од наставниците, како што е организирање дискусии со партиски или невладини претставници, организирање ученички кафулиња, училишни диско настани или филмски емисии. За импресивен пример за тоа што може да постигне ученичкиот парламент, видете на веб-страницата на сеопфатно училиште во Велика Британија, https://pentrehafod.school.

Истата структура постои и за родителите. Тие избираат претставници на ниво на клас за да комуницираат со наставниците во нивниот клас (бр. 1). Претставницитете на родителите присуствуваат на советот на родители на училишно ниво (бр. 2). Овде, претставниците на родителите ги споделуваат своите искуства и ставови за квалитетот на наставата, оценувањето, благосостојбата и безбедноста на нивните деца и други прашања.

(Бр. 3) Ученичкиот парламент избира двајца претставници, главно момче или девојче и заменик, како лидери на ученичкиот кабинет и како гласноговорници на учениците на ниво на училиште. Исто така, советот на родители избира двајца претставници. Овие врвни претставници за ученици и родители редовно се среќаваат со директорот на училиштето.Важно е директорот на училиштето да остане информиран за расположението и настаните во училишната заедница на кои можеби треба да посвети внимание. Претставниците на родителите и учениците ќе се обидат да ја добијат поддршката на директорот и наставниците за нивната агенда.

(Бр. 4) Очигледно е дека наставниците треба редовно да се состануваат за да се справат со различните проблеми во водењето на училиште, развој и подобрување на наставата и учењето, спроведувањето на наставната програма и новите закони и многу друго. Се очекува од законодавството за училиштата да ги специфицира должностите на вработените и директорот на училиштата и нивните права на одлучување. Директорот на училиштето претседава со состаноците на персоналот, исто така игра важна улога во поставувањето на дневниот ред, обезбедувањето информации или предлага решенија. Во значителна мерка, демократското раководство во училиштата зависи од тоа како директорот на училиштето и вработените ја делат одговорноста и овластувањата за донесување одлуки (види Демократско управување на училиштата, стр. 36).

(Бр. 5) Во многу земји, училишниот совет или училишниот одбор се бара со закон. Во примерот прикажан овде, учениците, родителите и наставниците избираат претставници да бидат во училишниот совет. Главните портпароли за учениците и родителите припаѓаат на советот заради нивната функција. Ова раководно тело варира од земја до земја. Може да вклучува претставници од локалната заедница, заедно со, или наместо учениците. Членовите може делумно да бидат ко-избрани наместо да бидат избрани. Училишниот совет се состанува најмалку двапати на училишна година. Во нашиот пример, училишниот совет, со кој претседава директорот на училиштето, одлучува за важни теми, како што се одобрување на училишни правила или наставна програма на училиштата. Може да ги оцени и апликантите за позицијата директор или заменик директор на училиштето и да го одобри буџетот на училиштето. Одлуките на училишниот совет се обврзувачки за вработените во училиштата и директорот. Ако директорот на училиштето не се согласува со некоја одлука, предметот мора да биде предаден на училишниот орган. Состаноците не се отворени за јавноста, а дневниот ред и записниците се делумно доверливи. Искуството покажа дека претставниците на трите групи немаат тенденција да формираат блокови или да се надгласаат меѓусебно и дека тие се водени од одговорност и добри аргументи.