Наставници

Living Democracy » Наставници

Наставниците се клучните играчи кога станува збор за демократијата и човековите права. За време на часовите, учениците добиваат основно знаење за тоа што е демократија и како таа функционира преку учење, дискусии и низ пракса. Но, наставниците се и примери. Како тие слушаат и овозможуваат, како се справуваат со своите грешки и туѓите грешки? Како ја претвораат училницата во место каде луѓето заеднички ги решаваат задачите и проблемите? Со материјалите кои им се овде достапни, овие прашања се решени. Дадени се предлози за предавање, учење и за проблеми со ставовите и однесувањето.

Политиката е процес со кој луѓето одлучуваат како да живеат заедно – без разлика дали станува збор за семејство, училиште или нација. Владата е систем кој се користи за донесување на одлуките. Има многу различни системи на владеење – од автократија до демократија. Во демократијата секој има право на збор, [...]

Нашиот идентитет е нашиот поим за себеси – каква личност мислиме дека сме. Како самите се гледаме зависи од околностите. Не е невообичаено, на пример, некоја млада личност да делува како две сосема различни личности дома и на училиште. Идентитетот делумно е работа на личен избор, а делумно одраз на тоа како [...]

Правилата постојат за да се спречат караници, да се обезбеди праведност и за да можат работите да се одвиваат нормално – без разлика дали е дома, на училиште или при играње некоја игра. Законите го прават истото за општеството. Законите постојат за да се заштитат нашите права и слободи и да се создаде побезбедно општество. [...]

Слободата да се добива и дава информации и идеи без вмешување од јавната власт е важно човеково право. Исто така, тоа е важно за демократијата. Медиумите им овозможуваат на луѓето да дојдат до информации и да разменат мислења за тоа што се случува во светот – најважно за информираното донесување на одлуки. [...]

Споровите околу спротиставени приоритети, потреби и интереси се дел од животот во секое општество. Некои општества се обидуваат да ги сокријат конфликтите од овој тип, мислејќи дека ако се зборува за нив ќе се наруши социјалната хармонија. Но, во демократските општества луѓето се мотивираат [...]

Човековите права и слободи постојат за луѓето да можат да живеат среќни и исполнети животи. Тие важат за сите – без разлика на потеклото или положбата во општеството. „Апсолутните“ права и слободи се тие кои никогаш не смеат да се одземат, на пример слобода од мачење. Но, „квалификуваните“ правила и слободи [...]

Во секое општество има различни вредности и начини на живеење. Некои општества не ја прифаќаат разноликоста – ги тераат сите да ја следат „официјалната“ патека. Но, слободата да се живее животот како што секој сака е основен аспект на човековите права. Општеството кое ги почитува човековите права мора [...]

За сите да ги уживаат човековите права, не е доволно тие само да се впишани во законите. Законите не можат самите да прават се – и индивидуалците треба да преземат одговорност. Луѓето треба да се подготвени да ги застапат правата на другите луѓе како и своите, а да се откажат од некои свои слободи, ако помага во тоа другите да [...]

Луѓето се раѓаат со истите основни потреби и желби. Сите сакаме да сме безбедни, почитувани и способни самите да донесуваме одлуки. Затоа човековите права и слободи важат еднакво за сите. Но еднаквоста не секогаш значи ист третман за сите. На пример, не би било фер за човек во инвалидска количка [...]