ГЛАВА 7: ОДГОВОРНОСТ – Јас сум за екологија … моето училиште се приклучува!

Living Democracy » Textbooks » ГЛАВА 7: ОДГОВОРНОСТ – Јас сум за екологија … моето училиште се приклучува!

Глава 7: Основен концепт- “Одговорност” (за основно ниво)

Основни информации за наставниците: како ставовите на учениците влијаат врз нивната перцепција за концептот на човекови права?

Добредојдовте во моето утро, добредојдовте во мојот ден
Јас сум одговорен, јас така го направив
Да направам повеќе фотографии, да видам што може да има на нив
Мислам дека перфектно направив сè, не би променал ништо.

Farewell Andromeda (1973) од John Denver

Во денешно време, децата учат да преземаат одговорност за своите постапки уште од најраната возраст. Ова многу често се зема здраво-за-готово во многу фамилии и општества. Демократската држава може да функционира само ако нејзините граѓани не прашуваат што може државата да направи за нив, туку што тие можат да направат за својата држава. Овој цитат кој најчесто се користи во овој контекст е од Џон Ф. Кенеди: “не прашувај што може твојата земја да направи за тебе- прашај што можеш ти да направиш за својата земја”.

Постојат различни видови и степени на одговорност. Одговорноста може да биде лична, колективна или морална. Постои одговорност на парламентот, владата или медиумите. Потоа тука е одоворноста кон образованието на родителите, наставниците, итн. Овие форми на одговорност или имаат легално потекло или претставуваат морални вредности.

Во оваа глава, учениците осознаваат дека постојат различни форми на одговорност и дека често може да се збунат. Најважно за нас е учениците да разберат дека преземањето одговорност за непосредната околина е исто така придонес кон заедницата. Со тоа, учениците не само што придонесуваат за животот на заедницата, туку добиваат моќ и одговорност. Во зависност од политичката ситуација или политичката традиција во општеството (или во зависност од училишната традиција или раководството на училиштето), може да биде лесно да се преземе одговорност  и така да се добие моќ или може да биде многу тешко. Недобивањето одговорност создава фрустрации во секојдневниот живот што пак, мора да се анализира и да се надмине.

Луѓето имаат капацитет за морални судови од најрана возраст и сфаќаат кога се однесуваат одговорно, а кога не. Сепак важно е да не се ограничуваат само на општествено и морално учење на најрана возраст; па така, ако одлучиме ова да го направиме во рамките на ОДГ/ОЧП- со принципите кои се содржат во него за интернационални правни средства за човекови права- целите кои се поставени ќе се прошират. Размислувањето за искуството добиено со превземање одговорност води до пошироко разбирање за самиот себе како граѓанин. Понатаму, ова искуство води не само до тоа да се добие уште повеќе одговорност, туку и до автоматски преземање на одговорност.

Исто како во цитатот во песната на почетокот, учениците треба да научат да го искусат преземањето на одговорноста. Треба да донесуваат одлуки и да бидат одговорни за последиците од нивните одлуки. Живеење и растење во демократија во училиштето значи дека училиштето е место каде тие се подготвуваат за живот, но исто така и местото каде живеат заедно и каде заедно донесуваат одлуки. Очигледно е дека постои јасна поделба на улогите и дека законите и правилата се потребни. Сепак, во училиштата низ светот, потенцијалот за давање на повеќе простор и давањето повеќе одговорности на учениците сеуште не е искористено.

Наставниците и класните раководители може лесно да го променат тоа со помош на постоечката рамка на закони и правила.

Целта на образованието за демократско општество и човекови права е да го поддржи развојот на компетенциите во овие подрачја. Оваа глава го има следниот компетенциски профил:

Компетенции во …
… Политичка анализа и суд … Политичка анализа и суд … Политичка анализа и суд
** ** ***
Активности
Во оваа лекција  можат да се користат различни активности за поддршка на учениците. Наставникот мора да одлучи дали сите или само неколку ученици имаат потребна дополнителна подготовка за да можат да работат со овие Активности
X Пребарување во библиотека
X Пребарување на Интернет
X Правење интервјуа и анкети
0 Интерпретирање на слики
0 Мисловни мапи
0 Правење на постери
0 Одржување на изложби
X Планирање и правање презентации
X Подготвување фолии за графоскоп или Power Point презентации
X Пишување написи за во весник
0 Драматизација
X Учество во дебати

 

Глава 7: Одговорност

Јас сум за екологија..Моето училиште се приклучува!

Како ставовите на учениците влијаат врз нивната перцепција за концептот на човекови права?

Наслов на лекција Цели на учењето Задачи на ученикот Ресурси Методи

Лекција 1:

Одговорност

 

Учениците размислуваат за одговорноста како термин кој е поврзан со луѓе, предмети или задачи. Учениците собираат и анализираат весници и списанија кои се читаат во нивните заедници. Изработуваат постер на кој ги забележуваат своите резултати. Работен материјал. Групна работа.

Лекција 2:

Училиштето е живот: живеење во екологија?

Учениците сфаќаат дека нивното училиште не е само место за учење, туку и место за живеење. Планираат да преземат (еколошка) одговорност за овој “простор за живеење”. Се планираат и развиваат разни можности за еколошко однесување. Работен материјал. Групна презентација, пленарна дискусија.

Лекција 3:

Како да започнам да бидам одговорен?

Учениците планираат конкретна имплементација на индивидуални чекори. Аспекти како реалистичен менаџмент на време и способноста да се носи компромис во групата, како и целокупната флексибилност треба да се целите кон кои учениците ќе се стремат. Учениците го користат даденото време за имплементција на дадените активности. Индивидуална работа во зависност од планот за дејствување. Практична апликација.

Лекција 4:

Како поминавме- кој е планот?

На крајот на оваа глава, учениците се обидуваат да ги променат перспективите со цел да разберат што значи да се преземе одговорност во другите позиции. Ова е чекор понатаму кон поголемо разбирање за демократското учество. Учениците го пренесуваат искуството од работата во мали групи во други ситуации. Работен материјал. Пленарна дискусија, групна работа.