Материјал за учениците 5.3: Случаи на прекршување на човековите права

Living Democracy » Textbooks » Материјал за учениците 5.3: Случаи на прекршување на човековите права
Прекршување или нарушување на човековите права Прекршено човеково право
а. Г-ѓа Х, која пред неколку години ги изгуби ќерката и сопругот во автомобилска несреќа, не може да се омажи со друг човек, сé додека нејзиниот девер експлицитно не ја даде неговата дозвола.
б. Затворските чувари ги користат кучињата за да ги плашат и застрашуваат затворениците со закани за напад и во еден случај, тие го тераат кучето да касне еден од затворениците.
в. Во локалната фабрика, работниците мора да работат најмалку 10 часови дневно без пауза.
г. Откако беа уапсени тројца мажи, тие имаа проблеми со пристапот до адвокатите. Во многу случаи, адвокатите ќе дојделе, но не им дозволувале да се видат со нив; на луѓето не им било дозволено да имаат заедничка дискусија со нивните адвокати, што во суштина значи дека двајца од нив немале никаков пристап до нивниот адвокат.
д. Жената, која ја работи истата работа и има иста возраст и искуство, добива помала плата за разлика од нејзиниот машки колега.
ѓ. Х го киднапира и го чуваше Y три дена и го застрела во главата, што ја предизвика неговата смрт, 3 дена подоцна.
е. Една фотографија од г-ѓа Х, зависник од дрога, беше направена кога таа заминуваше од состанокот на  анонимните зависници. Подоцна, фотографијата беше објавена.
ж. Една жена, малтретирана од нејзиниот сопруг, можеше единствено да се разведе, само кога му ја даде нејзината куќа, нејзината кола и целиот нејзин имот. Таа остана без ништо.
з. Х, која е болна од доживотна пневмонија, не доби никаков медицински третман во болница, затоа што таа влезе илегално во земјата.
ѕ. Седумдесет проценти од населението во областа Х беа принудени да се преселат од нивните домови и подоцна беа спречени да се вратат. Ним не им беше дозволено да ги напуштат нивните кампови и да одат до блиските полиња за да ги одгледуваат нивните култури, а им беше забрането да патуваат по многу патишта.
и. Црните Африканци беа купувани во Африка за, на пример, едно шише виски, а беа продавани во Северна Америка помеѓу 1200 и 1500 американски долари.
ј. Во земјата Х, сите средства за преживување на локалното население им беа намерно уништени: посевите, снабдувањето со вода и стоката.
к. Во земјата Х, граѓаните можат да бидат ставени во затвор без да бидат обвинети.
л. Еден 26-годишен репортер, за еден дневен весник, беше убиен во еден сомнителен напад за одмазда поради неговата репортажа за неодамна завршените изборни кампањи.
љ. Г-дин Х беше повикан за да се пријави во војска. Тој напиша писмо до воената канцеларија декларирајќи го неговото свесно одбивање на воената обврска и одбивање да се јави на воена должност. Тој беше обвинет за непослушност и му беше забрането да ја напушти земјата.
м. Во земјата Х, оние кои сакаат да припаѓаат на Фалун Гонг религијата, забрането им е да се собираат.
н. Етничкото мнозинство одлучи дека оние кои им припаѓаат на малцинските групи, како што се Евреите или Ромите, се обврзани да живеат во одредени области од градот.
њ. Децата кои живеат на село не можат да посетуваат основно училиште, бидејќи нема училиште на разумно растојание.
о. Поради неповолното мислење на религиозните власти во земјата, кандидатот Х не може да се кандидира на парламентарните избори.
п. Затоа што е црн, Х не може да добие работа како лекар во локалната болница.
р. Во некои земји, непривилегираните луѓе немаат пристап до храна или програми за домување, ниту пак до здравствени услуги по достапни цени.
с. Г-дин Х, чија куќа беше изгорена, не може да направи барање за компензација.
т. Х, 47-годишна жена, која секогаш работела во домот како домаќинка и мајка на пет деца, изгуби секаква социјална, осигурителна помош откако се разведе од нејзиниот сопруг.
ќ. Г-дин Х, татко на две деца, беше затворен и измачуван во земјата Х поради пишување поеми, критикувајќи го актуелниот режим. Неговото барање за политички азил во земјата А беше одбиено. Тој тврдеше дека ќе се соочи со тортура, ако се врати дома и сега тој е принуден да го трпи тоа.
у. Поради таканаречените практични причини, на луѓето со физички недостатоци, како што се луѓето во колички, не им е дозволено да посетуваат културни настани во локалниот театар.
ф. За да аплицираат за државјанство во земјата Х, потребен  е престој од 15 години, плус физички и умствен тест и неразумно високи административни трошоци. Како резултат на тоа, илјадници Роми, кои имаат подолг престој во нивната држава, немаат државјанство во нивната сопствена земја.