Материјал за ученици 1.4: Прашалник: посета на работно место

Living Democracy » Textbooks » Материјал за ученици 1.4: Прашалник: посета на работно место

Овој прашалник може да служи како почетна точка кога се подготвувате за проект со посета на работно место. Адаптирајте го или проширете го како што мислите дека е потребно. Ако планирате да пишувате извештај како прилог за вашето портфолио, на пример, клучните прашања можат да користат како упатство за содржинската рамка.

Прашалникот е најдобар инструмент со кој се добива јасно структуриран, детален опис на работа. Дневникот е попригоден ако сакате да ги запишете вашите лични искуства и чувства додека извршувате работа, т.е. сте на пракса.

1. Место на работа
  • Со кого соработувате? Кој зависи од вашата работа? Од чија работа зависите вие?
  • Дали вашето работно место е типично за оваа работа/категорија на работа?
2. Лична одговорност и услови на работа
  • Која е вашата позиција во оваа фирма/служба/…?
  • До кој степен одлучувате вие за тоа кои ви се задачите? Ако го правите ова, како поточно? Ако не, кој ви ги одредува задачите?
  • Ве молиме опишете каков тип на одговорност ви се доделило.
  • До кој степен сте слободни сами да го планирате времето? (Работно време, работни часови, слободно време, празници.)
  • Колку долго работите дневно/неделно во просек?
  • Дали работите во смени – ноќе – за викенди?
  • Колкав приход можам да очекувам од оваа работа? Дали има податоци кои се јавно достапни? (Очигледно, ова е битна информација за вас, но многу луѓе не сакаат да даваат детали за нивните приходи, а тоа е разбирливо. Така што вие треба да објасните зошто ова прашање ве интересира, и да дознаете информации од партнерот кој го интервјуирате ако тој/таа сака да ви ги даде.)
  • Дали е возможно вашата работа да се комбинира со имање семејство? Дали е возможно да се работи со неполно работно време?
3. Активности и задачи
  • Кои се главните активности во вашата работа?
  • Ве молиме опишете го вашиот вообичаен работен ден или недела.
  • Дали вашата работа има некои специфични/уникатни особини?
4. Услови на работата
  • Во што мора да е добар некој кој би ја извршувал вашата работа, а што е помалку важно?
  • До кој степен мора да имате обука преку служба?
  • Дали има некои клучни технологии или вештини кои мора да ги совладате?
  • Дали имате конкуренција во вашата работа?
5. Избирање работа, професионално искуство
  • Каква обука ви е потребна за квалификување за вашата работа?
  • Ве молиме опишете го вашиот професионален развој.
  • Дали би му препорачале на некого да го следи вашиот пат? Дали денес тоа би било возможно?
  • Кои идеи, желби и очекувања ги имавте предвид кога ја избравте оваа професија?
  • Дали желбите ви се исполнија?
  • Дали би ја избрале истата професија вторпат, кога би можеле?
6. Можности за работа

Прогнозите за развојот на бизниси и работа во иднината треба да се читаат со претпазливост. Но вреди да се обидете да видите што може да се каже за развојот на професии во иднината.

  • Колку апликанти се потребни за оваа работа денес? Дали е возможно да се прогнозира понатамошниот развој?
  • Кои вештини и квалификации ќе се бараат од идните апликанти?
  • Која е старосната и половата структура во вашата работа?(одговорот на ова прашање можеби ќе направи да ги предвидите можностите за работа во иднина.)
7. Проверување на други извори на информации
  • Национална или локална трудова служба.
  • Интернет.
Заклучок

Со сите овие информации кои ги добив, дали работата за која учев е атрактивна можност за мене?

Каков и да е одговорот – да, не или не сум сигурен/на – кои се причините за вашата одлука?

Дали критериумите кои ве доведоа до вашиот избор се покажаа како корисни и релевантни?

Очигледно е дека позадоволително е прашањата од погоре да се одговорат со „да“. Но дури и вашите одговори да се негативни, резултатите се битни за вашиот понатамошен развој. Сте се спасиле од изборот на погрешна професија бидејќи вашите претпоставки и очекувања биле погрешни и сте добиле појасна идеа за кои критериуми треба да ги примените при бирањето на работа.

Признанија

Ако други луѓе го читаат вашиот извештај (што обично се случува), вие треба да се заблагодарите на партнерите за интервју и сите кои ве поддржиле.