Час/лекција 1: Зошто ни требаат правила и закони?

Living Democracy » Textbooks » Час/лекција 1: Зошто ни требаат правила и закони?

Какви видови на правила се потребни за учење, живеење и играње заедно во училиштето?

 

Цели на учењето Учениците размислуваат за своите лични ставови и верувања во однос на постоечките правила. Дискутираат за важноста од постоење на правилата за заедничко живеење и работење. Развиваат разбирање за потребата од правилата.
Задачи на учениците Учениците учествуваат во симулација на игра и го искусуваат функционирањето на правилата. Прават листа со идеи за важноста на правилата и ја споделуваат. Учениците ги поврзуваат училишните правила со своите права и одговорности во училиштето.
Ресурси Меки топчиња, flipchart, пенкала, материјали за учениците, листа со училишните правила.
Методи Групна работа, пленарна дискусија, работа во парови.

 

Опис на часот

Одделението ја игра играта “Погоди кои се моите правила”. Наставникот ги дели учениците во две групи и им објаснува на учениците дека ќе играат игра и дека мора да ги погодат правилата на игра.

Објаснување:

  • Секоја група може да постигне поен со пропуштање на топката низ простор означен  на оценувачкиот крај;
  • Само наставникот ги знае правилата;
  • Наставникот нема да ги објасни правилата и учениците не смеат да прашуваат кои се правилата;
  • Кога ќе прекршат некое правило, учениците треба да седнат;
  • Целта на играта е учениците да постигнат поен без да прекршат правило;
  • Задачата на учениците е да дознаат кои се правилата без да ги прекршат.

Правилата се:

  • Секој може да ја игра играта;
  • Само момчиња може да ја удираат топката;
  • Учениците на чии имињата им започнуваат на буквата А немаат право да играат;
  • Никој не смее да мрда со топката;
  • Дозволено е насилство.

За време на првите две минути од играта, таа се игра само со помош на првите две правила. Потоа, наставникот ги става во сила и другите правила и целата игра трае пет минути.

Откако ќе заврши играта, наставникот ги собира учениците на едно место и со нив го дискутира следното:

  • Што мислиш за играта? Дали беше добра? Лоша? Фер?
  • Како знаеше дека постојат правила?
  • Како се чувствуваше заради тоа што не ги знаеше правилата на игра?

Наставникот ги воведува учениците во активност Бура на идеи и ги запишува нивните одговори на таблата или на flipchart-от. Најважното прашање е: „Зошто ни се потребни правила во едно училиште?” Во зависност од одговорите на учениците, наставникот може да напише нешто на таблата или flipchart-от. Најглавните критериуми  во однос на “еднаквост”, “учествување”, “фер односи” и “почит” треба да бидат напишани на таблата на крајот на сесијата. Наставникот ги чува одговорите од активноста Бура на идеи кои ќе бидат употребени за време на четвртиот час од оваа глава.

Правила во училиштето може да има само ако учениците имаат права и одговорности. Учениците добиваат задача да направат листа на нивните права и одговорности во училиштето и потоа да ги поврзат со училишните правила. Учениците работат во парови и ги запишуваат своите права, одговорности и правила на материјалите за учениците – хартија. Ги поставуваат своите материјали на табла или на flipchart-от.

Откако ќе се постават сите материјали, сите ученици ќе можат да ги видат и ќе може да им поставуваат прашања на своите соученици.