Метод 9: Изработување на постер

Living Democracy » Textbooks » Метод 9: Изработување на постер

На еден постер можеш да ги забележиш резултатите од твојата работа и да им ги презентираш на твоите соученици. Еден постер треба така да биде дизајниран, што ќе привлекува внимание на себе. Треба набљудувачите да ги направи љубопитни. Но пред сѐ би требало јасно и илустративно да ги презентира најважните точки или резултати од твојата работа.

Погледнете ги во мала група најважните обележја на еден успешен постер, а потоа размислете кои елементи би можеле да ги преземете за вашиот сопствен постер или плакат.

Доколку веќе сте го дизајнирале вашиот постер би можеле овие обележја да ги употребите како чек-листа за да ги оцените останатите постери. Добри импулси ќе ви даде исто и следната чек-листа:

Листа за проверка (Чек-листа)

  • Наслов на постерот: Краток и интересен; напишан со големи букви; би требало да е читлив и од растојание од 3-4 метри.
  • Писмо: доволно големо и добро читливо. Доколку работиш со компјутер, не користи премногу различни фонтови. Формулирај кратки реченици, кои се читливи и од одредено растојание. Користи бои и задебелени букви.
  • Слики, фотографии, графики: Би требало да го поткрепеш она што сакаш да го претставиш или презентираш и постерот да го направиш интересен. Ограничи се на малку, но впечатливи слики.
  • Прикажување: Каде ќе дојдат главниот наслов, поднасловот, растерите, фотографиите или сликите? Пред да започнеш, најпрво направи скица на постерот.
  • Состави го постерот внимателно: на избраниот формат на хартија би требало да има место за сѐ, без постерот да делува пренатрупано.