7.2 Наставата „низ“ и „за“ демократијата и човековите права го условува активното учење

Living Democracy » Textbooks » 7.2 Наставата „низ“ и „за“ демократијата и човековите права го условува активното учење

Во ОДГ/ОЧП знаењето за политичкиот систем на една земја има цел – ги оспособува учениците за политичко учество (обучува за демократијата и човековите права). Политичкото учество бара сепак вежби и искуство. Затоа мора во ОДГ/ОЧП методот да ја посредува пораката. Наставата за демократија и човекови права мора да ги земе предвид видот и начинот на кој учениците учат – таа мора да се ориентира на принципот „учење преку демократија и човекови права“. На учениците им е потребно опкружување за учење, кое што поддржува интерактивно, конструктивистичко учење и тренирање на компетенциите. Накратко, учениците мора да бидат активни и да комуницираат – а наставниот персонал за да ја постигне оваа цел мора ним да им овозможи да делуваат и комуницираат.