8.2. Дополнителни информации за наставници: Конвенција за правата на детето

Living Democracy » Textbooks » 8.2. Дополнителни информации за наставници: Конвенција за правата на детето

Усвоена од Генералното собрание на обединетите нации на 20 ноември 1989

Член 37

Државите ќе осигураат дека:

(a) Ниту едно дете нема да биде субјект на тортура или подложен на друг суров, нехуман или деградирачки третман или казна. Ниту парична казна, ниту доживотна казна затвор без право на помилување ќе им се наметне за престапи извршени од лица под 18 годишна возраст;

(б) Ниту едно дете нема да биде лишено од слобода, незаконски или произволно. Апсење, притворање или затворање на дете ќе биде во согласност со законот и ќе биде користено само како мерка од последен ред и за најкраток период на време;

(в) Секое дете, лишено од слобода, ќе биде третирано со хуманост и почит со својствен дигнитет на човечка личност, и на начин кој ги зема предвид потребите на личноста, соодветни за неговата возраст. Посебно, секое дете лишено од слобода, ќе биде одделено од возрасни, освен ако не се смета дека во најдобар интерес на детето е да не се прави тоа и ќе има можности за одржување на контакт со своето семејство преку комуницирање и посети, освен во исклучителни околности;

(г) Секое дете лишено од слобода ќе го има правото на брз пристап до правна и друга соодветна поддршка, како и право да се оспори законитоста на лишување од слобода пред суд или друга компетентна, независна и непристрасна институција, и на брза одлука за секоја таква акција”

Член 40

(…) 3. Државите ќе се стремат да го промовираат спроведувањето на законите, процедурите и институциите, посебно наменети за децата кои се осомничени, обвинети или препознати дека го прекршиле казнениот закон и тоа:

(a) Определување на минимална возраст под која ќе се претпоставува дека децата немаат капацитет да го прекршат казнениот закон;

(б) Секогаш кога е соодветно и посакувано, мерките за справување со такви деца без прибегнување кон законско судење, обезбедува дека човековите права и правна заштита се во потполност почитувани.

4. Различни погодности, како што се нега, водење и надзорни наредби; советување; условна казна; старателска грижа; образование и стручни програми за обука и други алтернативи на институционална грижа ќе бидат достапни за да осигураат дека децата се згрижени на начин соодветен за нивната благосостојба и пропорционално со нивните околности и прекршокот.”

Извор: Rolf Gollob/Peter Krapf: Exploring children’s rights. Lesson sequences for primary schools. EDC/HRE, Vol. V, Strasbourg 2007, стр. 77ff.

За понатамошно читање: Cyndi Banks, Criminal justice ethics, Thousand Oaks, 2004.  PDF верзија на поглавие 5 The Purpose of Criminal Punishment, е достапно на http://www.sagepub.com.