Материјал за учениците 8.2: Картички за дискусија

Living Democracy » Textbooks » Материјал за учениците 8.2: Картички за дискусија
Полицаец му кажува на судот дека Мануел признал дека ја украл колата кога бил испрашуван во полициската станица. Млад човек му кажува на судот дека Мануел секогаш се фали за крадење на автомобили.
Младо девојче му кажува на судот дека наслушнала дека нејзин пријател зборувал на мобилен со Мануел. Нејзиниот пријател зборувал со Мануел за крадење на автомобилот на г-дин. Кеј. Г-дин. Кеј му кажува на судот дека тој мисли дека Мануел е главниот осомничен затоа што ја мразел неговата фамилијата од кога г-дин. Кеј го попречил Стефан да се гледа со неговата ќерка.
Еден од наставниците на Мануел кажува во судот како го фатил Стефан да краде од училиштето неколку пати кога бил присутен во училиштето. Мануел нема никого за да го поткрепи неговото алиби дека бил сам дома, вечерта кога автомобилот бил украден.
Кога го прашал обвинителот: „Дали видовте млад човек како Мануел да го вози автомобилот таа вечер?“, соседот на г-дин. Кеј одговори: „Да, го видов.“