Вежба 2.2. – Вредносни системи

Living Democracy » Textbooks » Вежба 2.2. – Вредносни системи
Образовни цели Учениците откриваат дека различните вредности се можен извор на конфликт.
Ресурси Хартија и пенкала, работен лист со список на различни вредности.

Процедура

Листа со 20 вредности, без посебен редослед, се дава на секој ученик: социјален успех, љубов, послушност, сигурност, мир, ред, човечко достоинство, самопочит, еднаквост, почит кон другите, искреност, семејство, солидарност, одговорност, правда, толеранција, слобода, конкуренција, здравје, патриотизам.

  1. Учениците работат во парови.
  2. Наставникот им вели на учениците да ги групираат вредностите на списокот во три категории. „ Во првата ставете ги тие кои ви се најбитни, во втората најмалку битните, а во третата тие кои не можат да се класифицираат.“ Оваа работа треба да се прави полека и со размислување.
  3. Повратната информација се одвива во групи на наизменични парови, со дискусија.
    Не треба да има хиерархија. Оваа активност не се оценува.
    Наставникот треба да ја истакне разликата меѓу едноставни идеални вредности и ефективни вредности – тие кои земаат предвид одредено однесување.
  4. Замолете ги учениците да ги чуваат списоците со нивните први избори.

Продолжение

  1. Учениците формираат групи од три ученика и ги споредуваат нивните системи (список со прв избор) со одговарање на следните прашања:
    • Зошто ја одбрав оваа вредност како најважна?
    • Дали оваа вредност е битна за моето практично однесување?
    • Кои се пречките за нејзина реализација?
    • Кој е мојот главен конфликт?
    • Што можам да направам за да го решам?
    • Кои се индивидуалистичките ставови наспроти вистинските колективни обврски?
  2. Учениците ги групираат вредностите во категории, на пример генерална етика или човекови права, практична употреба, општ или социјален успех.
    Кое групирање изгледа како најзначајно?
    Кога е соочен со избор, поединецот може да реагира без размислување или по навика, или да ги бара најдобрите причини за делување. Кога се прашуваме самите кои се најдобрите начини на постигнување цел, ние не мислиме на вредности, туку на која цел треба да се одбере.
  3. Овој процес нуди прифатливо решение за сите партии кои се соочени со спротиставени аргументи кога има конфликт на интереси. Иако често сме во искушение да користиме морални услови за да ги одбраниме личните интереси, во прашање се одредени принципи. Почитта кон индивидуата е принцип, правило кое ги овозможува прифаќањето или одбивањето на категорија на дејствувања.
    Најсигурниот критериум за да знаеме дали одредено правило е во духот на почитта кон индивидуата е двонасочноста. Таа не прави да даваме вредност на туѓите интереси исто колку и на нашите.
    Во групи, учениците треба да формулираат неколку принципи како што се:

    • законите секогаш мора да се почитуваат
    • секој има право да го живее животот како што смета дека треба

Тие можат да ги идентификуваат искажаните гледишта и принципите.