Лекција 1: Риболовна игра (1)

Living Democracy » Textbooks » Лекција 1: Риболовна игра (1)

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Анализирање на комплексна ситуација, донесување одлуки под временски притисок.
Крајна цел на учењето Учениците стануваат свесни за дилемите при одржување на одржливоста.
Задачи на учениците Учениците ги идентификуваат проблемите и развиваат решенија и стратегии.
Материјали и извори Материјал за наставници 4.1-4.4:
4.1 Копии од евидентни листови за групи.
4.2 Табела за репродукција на рибниот фонд (за наставникот).
4.3 Евидентна табела ( харт. табла, обична табла или проектор).
4.4 Евидентен дијаграм ( харт. табла, обична табла или проектор).
Калкулатор или компјутер.
Парчиња хартија (А4 ширина), маркери.
Метод Учење преку задачи.
Временски буџет 1. Вовед во риболовната игра. – 10 мин.
2. Риболовна игра (три рунди). – 30 мин.

Информационо поле

Ако дозволуваат условите, лекциите 1 и 2 треба да се комбинираат. Но играта може да се игра и во 2 одделни рунди.

На почетокот, учениците ниту се охрабруваат да комуницираат едни со други, ниту наставникот интервенира кога тие комуницираат – освен кога се работи за временскиот период.

Опис на лекцијата

Фаза 1: Вовед во риболовната игра

Наставникот им објаснува на учениците дека ќе играат игра која симулира битен дел од вистинскиот живот.

„Замислете дека сте член на една од четирите селски заедници кои живеат на брегот на езерото. Има многу риби во езерото, така што не треба да се грижите од што ќе живеете. Риболовоте е единствената гранка од економијата и немате друг извор на приходи.“

Наставникот може да го илустрира овој вовед со едноставен цртеж на табла, на кој е езерото, неколку риби и четирите рибарски села, секое со пристаниште покрај брегот.

Takingpart_EN.pdf

„ Вие одите на риболов преку целата година, но има затворена сезона во зима и пролет за да се обнови рибната популација. Во овие месеци морате да живеете од залихите на сушена риба и да ги поправате чамците и мрежи за да бидете подготвени за следната сезона.“

Тука учениците добиваат упатства за тоа како се игра играта.

Тие формираат четири групи од најмногу по шест ученици во група. ( Ако има повеќе од четири групи, потребно е да се адаптира табелата за резултати – видете ги материјалите за наставници 4.3).

Секоја група работи како тим на рибари. Тие можат да му дадат интересно име на чамецот и добиваат евидентен лист за да го запишуваат уловот.

Играта се игра во рунди кои ги претставуваат риболовните сезони и затворените сезони кога рибната популација се обновува.

Наставникот користи само една фраза за да ја дефинира целта на играта, „Уловете колку што е можно повеќе риби“. Ова упатство може да се сфати на различни начини но наставникот не појаснува понатаму и остава на учениците да одлучат за нивната риболовна политика. Во 3-тата лекција учениците ќе се вратат на оваа стартна точка.

На почетокот на сезоната, секоја група одлучува за квотата на риби која сака да ја улови. Максималната квота на риби е 15% од еден чамец. Бидејќи рибната популација на почетокот на првата сезона е 140 тони, ова значи дека максималниот улов по група е 21 тон. (Повторно, ограничувањето по група мора да се адаптира ако учествуваат повеќе од четири групи.)

Наставникот не дава повеќе информации за тоа што ќе се случи ако секоја од групите го достигне ограничувањето и нивниот вкупен улов по група изнесува 84 тони. Ова веќе е дел од играта: учениците сфаќаат колку малку знаат. Тие ниту знаат кој пат ќе го одберат нивните соперници, ниту ја знаат стапката на размножување на рибите. Ако сакаат, тоа можат самите да го дознаат.

Фаза 2: Риболовната игра

Почнува првата рунда. Групите дискутираат за тоа која квота да ја одберат. По четири минути наставникот ги бара евидентните листови од групите. Тој/таа ги внесува квотите во евидентната табела, ги пресметува уловените тони на секој чамец и вкупната квота и улов во оваа прва сезона (овде корисен е калкулатор или компјутер). Тој/таа ги внесува резултатите и ги презентира на учениците. Развојот на рибниот фонд и вкупниот улов се прикажува на дијаграм базиран на материјалите за наставници 4.4.

Со упатување на табелата на раст, наставникот им кажува на учениците која е вкупната популација на риби на почетокот на втората сезона.

Учениците повторно ги добиваат евидентните листови и тие го пресметуваат вкупниот улов преку сезоните.

Искуството покажало дека учениците обично одат до границата на почетокот, така што најверојатно вкупниот улов ќе изнесува 70 тони – половина од рибниот фонд, а можеби и повеќе од тоа. Ако популацијата на риби се намалила за половина, таа ќе се обнови до нивото од 94 тони. Ова значи дека рибниот фонд се намалил една третина за една година. Кривите линии на дијаграмот покажуваат остар пад и ја прикажуваат непосредната опасност од целосно исцрпување на рибниот фонд.

Учениците тука ќе станат свесни за оваа закана. Ако сите ја користат максималната квота од 15%, рибите ќе бидат блиску до изумирање за две или три сезони. Групите ќе дискутираат за тоа дали треба да ги намалат квотите за да се спречи истребувањто. Од оваа точка натаму, секоја игра се развива различно, во зависност од возраста и полот.

Следните рунди се играат на истиот начин. Низ следните три рунди, групите не се советуваат да комуницираат, но тие можат да го прават тоа ако покренат иницијатива. Наставникот, кој е раководител на играта, дава малку време на учениците но инсистира дека следната рунда ќе почне за 5 минути; ова ја претставува реалноста – кога почнува сезоната, рибарите мораат да работат.

По неколку рунди, наставникот може да направи „чудо“ ако уловот пребрзо се намалил, со додавање неколку тони на бројката која е во табелата на раст.

По четвртата рунда, наставникот ги советува групите да комуницираат ако тоа не го направиле досега.

Некогаш групите ќе направат заедничка одлука, некогаш нема. Групите одлучуваат дали и до која граница ќе бидат обврзани со заеднички договори – како и во вистинскиот живот.