Час/Лекција 4: Европејците се различни и еднакви

Living Democracy » Textbooks » Час/Лекција 4: Европејците се различни и еднакви

Што имаме заедничко, а што не

Цели на учењето Со пленарна дискусија, учениците разбираат дека Европа има голем број на карактеристики. Тие размислуваат за фактот дека Европејците имаат многу заеднички карактеристики но исто така се многу различни едни од други.
Задачи на учениците Учениците ја гледаат сликата од физичката мапа. Наставникот ги воведува во дискусија за сличностите и различностите во а)географски и б) општествен контекст. Учениците дискутираат за општествените различности во Европа и се обидуваат да најдат решение за дијалогот и заедничко разбирање.
Ресурси Слика од физичката мапа, портрети на земјите, табла или flipchart, хартија.
Методи Пленарна дискусија, групна работа.

Опис на часот

Учениците седат во круг. Наставникот им ги презентира фотографиите од физичката мапа. Задача на учениците е да ги гледаат сликите и да размислат за сличностите и разликите на мапата.

Треба да одговорат на прашања како што се:

  • Во кои делови од Европа има високи планини?
  • Каде се наоѓаат најдолгите реки?
  • Кои земји имаат слични релјефни форми?
  • Во кои земји луѓето зборуваат на ист јазик?
  • Кои земји делат море?

Тие ги користат портретите на земјите за да соберат информации. Тие ги претставуваат своите земји преку презентација или во форма на изведба.

Како втор чекор, наставникот поставува нови прашања за да може да се развие нова дискусија. Освен природните и географските сличности и разлики, постојат и други видови на разлики во Европа, како општествените разлики или феномени како предрасуди. Наставникот ги мотивира учениците да ги искажат своите мисли на глас за општествените разлики во Европа со поставување на прашања како:

  • Дали има богати и сиромашни луѓе во Европа? Кои се богати? Кои се сиромашни?
  • Дали животот е потежок во некои европски земји за разлика од други? Зошто?
  • Зошто многу луѓе ги напуштаат своите земји за да живеат во друга земја? Кои се причините за тоа?

Откако  учениците ќе ги искажат своите мислења за овие не-географски разлики и сличности, учениците треба да се групираат во групи од по четири и да изнајдат идеи како да дојдат до разбирање на овие општествени разлики во Европа без да се негираат националните идентитети, и со тоа би поттикнале интеркултурен дијалог. Тие ги запишуваат своите идеи на мали парчиња хартија и потоа ги презентираат своите идеи пред целиот клас. Потоа ги ставаат парчињата хартија веднаш до фотографиите од физичката мапа (ова помага со визуелизација).