1. Најчесто поставувани прашања за Конвенцијата за правата на детето

Living Democracy » Textbooks » 1. Најчесто поставувани прашања за Конвенцијата за правата на детето

За што се работи?

Конвенцијата за правата на детето на ОН е меѓународна спогодба за човековите права којашто ги регулира правата на младите луѓе. Таа беше усвоена во 1989 год. од Генералното собрание на ОН. Конвенцијата се состои од 41 член за правата на младите луѓе, еден член за јавната свест и дванаесет членови за прашањата како се надгледува, ратификува и става во сила Конвенцијата. Конвенцијата за права на детето беше прифатена од повеќе земји отколку било која друга меѓународна спогодба за човековите права. До декември 2008 год. 139 земји ја потпишаа и ратификуваа Конвенцијата.

Што според Конвенцијата за правата на детето е дете?

Кога ОН велат „дете“ тогаш тие мислат на сите млади луѓе под 18 години, освен ако полнолетството претходно се постигнало (т.е. кога некој важи за возрасен). Тоа е запишано во првиот член на Конвенцијата.

Како функционира Конвенцијата?

Иако Конвенцијата не е национален закон, мора принципите на Конвенцијата за правата на детето да се најдат во националното законодавство, во политиката и во програмите на различните држави. Владите мора на ОН редовно да им подготвуваат извештаи за напредокот на имплементирањето на Конвенцијата за правата на детето. Овој систем на давање на извештај ја става владата под притисок навистина да ги почитува правата на младите.

Дали Конвенцијата на ОН предизикува разлика во нашиот живот?

Со ратификувањето на Конвенцијата на правата на детето Владите се обврзуваат да ги почитуваат правата на луѓето под 18 години, да им се дозволи да учествуваат во одлуки кои што се однесуваат на нив, да се гарантира нивното преживување и да ги штити од опасности. Член 4 вели дека владите коишто ја прифатиле Конвенцијата мора да превземат „соодветни мерки“ за да ја спроведат истата. Конвенцијата исто така вели дека владите мора да се залагаат со сите средства кои им се на располагање за нашите економски, социјални и културни права. Дури кога знаеме што стои во Конвенцијата и што таа значи можеме да работиме на тоа и да гарантираме дека тие права одредуваат како треба да се третираат младите луѓе.