Вежба 3.1. – Постерот со човекови права

Living Democracy » Textbooks » Вежба 3.1. – Постерот со човекови права
Образовни цели Учениците ги разбираат следните аспекти на човекови права: нивната основна структура (кој ужива човеково право – содржина – средства на спроведување); проблемот со прекршување на човекови права; средства на заштита на човековите права.
Учениците ги усовршуваат вештините на читање.
Учениците ги развиваат нивните креативни вештини.
Ресурси Големи листови хартија, хартија со А4 формат во различни бои, фломастери, ножици, лепак, стари списанија и весници, слики и фотографии; текстот од Европската конвенција за човекови права или Универзалната декларација за човекови права.

Процедура

  1. Учениците прават групи од четири ученика.
  2. Наставникот назначува една статија која претставува човеково право на секоја група. Постарите ученици можат да одлучат која статија сакаат да ја работат и да го објаснат нивниот избор (видете го чекорот 4).
  3. Секоја група подготвува постер со човеково право. Постерот се состои од следните делови:
    a. насловот кој го дава човековото право
    b. текст од ЕКЧП или УДЧП
    c. слика која го симболизира човековото право (пр. автомобил може да претставува слобода на движење или затворена врата може да претставува приватност)
    d. анализа на структурата на човековото право (за напредни класови), однесувајќи се на:
    – личноста која го ужива ова право
    – содржината (што правото заштитува или гарантира)
    – средствата за воспоставување или спроведување3
    e. симбол (пр. тркало за слобода на движењето или усни за слобода на изразување.
  4. Групите ги презентираат постерите и дискутираат за нив на часот.

Продолжение

Постерот може да содржи примери за прекршување на човековото право и како тоа може или треба да се спроведува.

Варијација

Како што е претставено погоре, структурата на постерот може да се варира според старосната група и познавањето на човекови права на учениците. Вежбата може да служи како воведување или како примена.

Во случај на напредна група, вежбата треба да содржи аспекти како што е типот на човеково право (давање на индивидуална слобода, заштита на еднаквоста, давање социјални права). Овие може да се поврзат со „генерациите“ на човекови права.

Ако се користи само оваа вежба, таа може да доведе до изолиран академски пристап концентрирајќи се на едно човеково право. Затоа се препорачува оваа вежба да се комбинира со други кои се осврнуваат на процесот на човекови права, на пример личното искуство на учениците, проблемите со прекршувањето и имплементирањето на човеково право и дискусија за универзалната природа на човековите права.

3. Видете го Ив Ладор, Наставен прирачник за Европската конвенција за човекови права, Женева/Стразбург, 1997, стр 53f (како Како се создава човеково право?).