Час 3: Конфликт на човековите права

Living Democracy » Textbooks » Час 3: Конфликт на човековите права

Судир помеѓу човековите права. Што сега?

Цел на учењето Учење да се препознаат и анализираат ситуации
каде човековите права се во конфликт.
Задачи за учениците Анализирај ситуација каде човековите права се во конфликт.
Материјали Голем лист хартија и маркер за секоја група.
Материјал за учениците 4.3.
Материјал за учениците 5.2.
Метод Работа во мали групи.
Критичко мислење.

Информации за темата

Иако на прв поглед, човековите права наликуваат како да нудат јасни одговори, тоа не е секогаш така. Всушност, постојат многу ситуации во кои нечие право се судира со правото на некој друг. Во таков случај, критичкото мислење може да помогне едниот од нив да ги избира правата, вмешани едни  против други, а и да определи сопствено решение.

Часот

Работните групи (четири или пет ученици во група) добиваат случај во врска со кршењето на човековите права (материјал за учениците 4.3, „Пет случаи на кршење со човековите права“), по еден голем лист хартија и по еден маркер.

Прво, учениците се поканети да дискутираат кои човекови права се засегнати во конфликтот. За дискусијата, на групата може да ѝ се даде листа на човекови права (материјал за учениците 5.2.). Откако тие ќе се согласат за тоа кои човекови права се во конфликт, тие го делат нивниот лист, како што е прикажано подолу. Наставникот би можел да го подготви ова на таблата и да ги внесува засегнатите права во првиот ред.

Број на случајот
Засегнати човекови права

Решение
Зошто?

Втората задача е да се има една отворена дискусија за тоа кое би можело да биде решение на конфликтот според верувањето на учениците. Тие истакнуваат причини за нивниот избор и ги додаваат на нивниот лист.

Потоа, секоја група се замолува да назначи свој претставник, кој ќе ги презентира одговорите на групата пред целото одделение. Наставникот може да го праша одделението за повратна информација во врска со направените избори и дали тие се согласуваат или не се согласуваат со идеите на групата.