5.2 Принципот на контроверзност

Living Democracy » Textbooks » 5.2 Принципот на контроверзност

Она што во науката или политиката е контроверзно мора и во наставата по ОДГ/ОЧП да биде контроверзно дискутирано. Овој принцип е тесно поврзан со забраната за индоктринација. Доколку различните ставови „се запоставени“, а алтернативите се потиснати или остануваат необјаснети, тоа е патот кој зачекорува кон индоктринацијата. ОДГ/ОЧП би требало да понуди комплексност и контроверзија и дискусија на противречни мислења.

Во едно плуралистичко општество различните мислења, различните вредности и конкурентните интереси се правило, а не исклучок. Затоа учениците мора да научат како да постапуваат со контроверзните ситуации. Во демократијата дебатите и дискусиите служат за решавање на проблеми и конфликти. Во ангажиран дијалог се постигнува согласност и одредена мерка на консензус и хармонија и се преговара преку компромиси. Наметната хармонија без отворена дискусија упатува напротив на потиснување.

5.2.1 Практични влијанија

Во наставата по ОДГ/ОЧП затоа при контроверзни теми треба секој пат да се заземат најмалку два става на дискусија. Притоа мора безусловно да се погрижиме за балнс (на пр. во однос на должината на засегнатите аргументации).

Во одделенските дискусии наставникот би требало да го поздрави различното мислење на учениците. Доколку една позиција не е застапена од никого или е застапена само од малцинство, може наставникот за атер на аргументацијата да го заземетој став, но притоа тој мора да разјасни дека само презема одредена улога, а не го застапува сопственото мислење. Наставникот треба да внимава на тоа нивото на неговото аргументирање да е соодветно на нивото на учениците.