1.1 Новото разбирање за граѓанството бара нов образовен концепт

Living Democracy » Textbooks » 1.1 Новото разбирање за граѓанството бара нов образовен концепт

Со наставните модели кои се поставуваат само на примање и се ограничуваат на директивна инструкција не можат да се придобијат активните, информираните и одговорните граѓани, на кои им е потребна модерна демократија.

Она што навистина е неопходно се форми на образование, учење и поучување кои ќе ги подготват учениците за вистинско учество во општеството – форми на образование, учење и поучување, кои како што се ориентирани кон праксата, исто така се теоретски ориентирани, кои се однесуваат на релевантни проблеми од животното опкружување на учениците, а ќе се посредуваат како низ учеството во училишниот живот, така и во рамките на официјалниот наставен план. Улогата на активниот граѓанин се поклопува притоа со улогата на активниот ученик. Приод кој притоа ги поддржува наставниците и учениците и во процесот на расправа со новите проблеми е конструктивистичкиот приод на учење, како што е долу (дел 1, наставна тема 3, поглавје 4) поблиску објаснето.

Ставањето на располагање на наставни форми и аранжмани на учење, центрирани на учењето ја става наставната професија пред значителен предизвик. Мора да се стекнат нови форми на знаење, да се развијат нови наставни методи и да се изнајдат нови форми на соработка – како во колегиумот така и со учениците. Занимавањето со актуелното случување има поголема тежина отколку разбирањето на историските системи; критичкото мислење, посредувањето на вештините, трансферот на знаење како и работните форми кои се кооперативни и ориентирани кон заедницата се поважни отколку изолираните подготовки, и наместо зависноста од еден централен диктат, во преден план се наоѓа професионалната автономија. Но ние мора да ги промениме и нашите претстави за учењето: подалеку од концептот ориентиран кон наставникот и приближување до учењето низ искуство, учество, истражување и размена.

Традиционалното образование, ориентирано кон наставниците, потпрено на учебниците и научно-базирано мора во оваа смисла да отстапи ориентација, кај која во преден план ќе се наоѓаат учеството на учениците, широк спектар на дидактички методи и концепт заснован на вештини. Овој е придонесот кој актуелниот прирачник и материјалите за ОДГ/ОЧП сакаат да го дадат.