ТЕМА 4: КОНФЛИКТ

Living Democracy » Textbooks » ТЕМА 4: КОНФЛИКТ

Вовед за наставници

1. Што обработува оваа тема

Оваа тема се концентрира на проблемот за тоа како да се управува со заеднички ресурси. Ако политичките одлучувачи, компаниите и граѓаните не успеат да ги решат ваквите проблеми, тие можат да доведат до сериозни конфликти, а дури и до војна.

За да се илустрира проблемот, замислете ја оваа секојдневна ситуација: Во киносала која е полна со посетители еден ситен човек не може да гледа бидејќи пред него седи „џин“ висок 2 метри. Затоа ситниот човек стои. Но тогаш и другите посетители имаат попречен видик па стануваат и тие. На крајот сите во киносалата стојат. Никој не гледа подобро од предходно, згора на тоа стоењето е понеудобно од седењето. Всушност ситуацијата е понеисправна од предходно, бидејќи малите луѓе не можат да гледаат ништо.

Овој пример е многу сличен со „големите“ проблеми на управување со ресурси, на пример прекумерниот риболов. Ваквите проблеми се решаваат тешко бидејќи имаат две димензии, како што покажува примерот во киносалата:

  1. Кое правило им е потребно на посетителите на киното за да се обезбеди добар видик за секого?
  2. На кој начин може ова правило да се спроведе ако некој во киносалата го прекрши?
    (инструменталната димензија)

Покрај прекумерниот риболов, примери за „големи“ проблеми на управувањето со ресурси се глобалното затоплување, исфрлање на нуклеарен отпад, и прекумерно трошење на залихите на подземни води. Вклучени се многу играчи со компетитивни интереси (проблематската димензија). На глобално ниво нема некоја супер-држава која би спровела правила на суверена држава (институционалната димензија). Сепак притисокот од проблемите како глобалното затоплување и климатските промени се зголемува и затоа политичките лидери и граѓаните од целиот свет мораат да се потрудат за решение.

Риболовната игра се однесува на проблемот со прекумерниот риболов, концентрирајќи се на проблемот на одржливоста, првата димензија на тој проблем. Задачата би била прекомпликувана за учениците ако се опфати и институционалната димензија; сепак постои можност да се обработи институционалната димензија со проширување и поврзување на риболовната игра со темата 5. Видете го воведот на темата 5 за понатамошни информации за оваа опција.

2. Риболовната игра

Оваа игра е клучната задача во оваа тема, а тоа е присвојување на пристап на учење преку задачи. Учениците се соочуваат со проблем и мора да најдат решение – под временски притисок – како што мораат во реалноста. Учениците се потсетуваат на нивните искуства во лекциите 3 и 4.

Во риболовната игра учениците се соочуваат со проблемот за тоа како да се управува со заеднички ресурси. Играта е создадена со сценарио кое изгледа доста едноставно. Учениците формираат  четири групи и претставуваат четири групи на рибари кои живеат во села околу езеро. Бројот на риби во езерото е заедничкиот ресурс на рибарите и нивниот единствен извор на приходи. Учениците ќе станат веднаш свесни  дека заедничкиот интерес е да се избегне прекумерниот риболов.

Но, не постојат правила ниту институции како општински риболовен совет во кој што играчите ќе можат да комуницираат за проблемот. Ниту пак рибарите имаат претстава колку риби можат да уловат без да го оштетат размножувањето на рибите. Учениците имаат задача да ги идентификуваат овие проблеми и да преземат акција.

Наставникот управува со играта. Пред играта да започне, учениците добиваат намерно двосмислено упатство „Уловете колку што можете повеќе риби“. Играчите можат да го протолкуваат упатството на два начина:

  • „Како индивидуален тим, направете максимален приход“ (Краткорочно зголемување на заработка)
  • „Како заедница, внимавајте долгорочно да ловите што е можно повеќе риби“ (Долгорочна одржливост).

Искуството покажало дека учениците обично ја прифаќаат целта на краткорочно зголемување на заработката. Некои групи фаќаат помалку риби и наскоро ќе откријат дека не само што се посиромашни туку и не можат да го спасат рибниот фонд со некоординиран труд. Наскоро се претставува сценариото во кое рибниот фонд е во опасност од исцрпување и се создава разлика меѓу богатите и сиромашните селани. Играчите можеби имаат силни чувства бидејќи играта создава победници и губитници кои потоа преминуваат во сиромаштија како заедница.

Учениците имаат застрашувачки предизвик:

  • Мораат да направат заеднички труд за да го решат проблемот.
  • Мораат да почнат со комуницирање.
  • Мораат да се информираат за размножувањето на рибниот фонд и да направат шема за одржлив риболов.
  • Тие ќе откријат дека им треба институционална рамка за секој да ги следи правилата за кои се согласиле.
  • Накрај, тие мораат да се согласат за правило на фер дистрибуција на уловот.

Риболовната игра колку и да изгледа едноставно, ги носи учениците до сржта на некои од глобалните проблеми на 21-от век и им прикажува за што се работи во политиката – решавање на итни проблеми кои се закана за заедницата, па дури и човештвото.

3. Размислување

Учениците можеби ќе успеат да решат некои од проблемите со кои се соочени, а можеби и нема. Важно е во фазата на размислување учениците да разберат дека од неуспехот не треба да се срамиме. Прво, неуспехот е почестиот исход од успехот во реалноста и второ, риболовната игра не е училишна задача туку претставува комплексен политички проблем. Никој не го знае точното решение однапред; мораме да пробуваме додека го најдеме.

Во риболовната игра учениците ќе откријат комплексни прашања кои можат да се поврзат со моделот на одржливост (материјал за ученици 4.2):

  • Кое е оптималното ниво на риболов што одговара на размножувањето на рибниот фонд?
  • Како можеме да бидеме сигурни дека овој баланс на максимална добивка (целта на економски раст) и заштита на рибниот фонд (целта на заштита на средината) ќе биде траен, сега и во иднина?
  • Што е фер дистрибуција на работниот труд и риболовната добивка меѓу четирите села во заедницата?

V4_P113_MACED

Модел на одржливост (материјал за ученици 4.2)

Моделот на одржливоста гисодржи сите три прашања. Тие ги претставуваат трите основни цели на економскиот раст, заштита на средината и дистрибутивната правда во општеството: тие се поврзани со двете димензии на времето (интересите на сегашната генерација и идните генерации), и просторот (глобалната димензија – север и југ).

Моделот на одржливоста ги опишува дилемите кои излегуваат ако  некој играч проба да постигне само една цел, на пример профит на сметка на заштита на ресурсите, а го опишува и балансот на цели при успешна стратегија за одржливост. Материјалот за ученици 4.3 ги упатува учениците да размислуваат на резултатот од „ловењето колку што е можно повеќе риби“ од овие две перспективи – целта на привремена заработка на еден играч и од перспективата на баланс на одржливоста.

Во рамките на играта, возможно е оптимално решение кое може да се дефинира во бројки; наставникот може да го најде решението (материјал за ученици 4.4) ако им е потребна помош на учениците.

Оваа анализа ќе ги поттикне учениците да го постават прашањето зошто постигнувањето одржлив развој во поголем размер е толку тешко и што може да направи индивидуалниот граѓанин за да ја поддржи оваа цел.

Можности за проширување на темата

1. Поврзување на темите 4 и 5

Како што спомнавме погоре, учениците можат да го обработуваат прашањето за тоа која институциона рамка е со најголема корист за рибарите. Ова може да биде рамка од правила, и државен орган кој ќе ја спроведува, или заемен договор меѓу еднакви. Учениците можат да ја продолжат риболовната игра и да ја применат нивната институција како алатка, а со тоа ставајќи ја на тест.

2. Истражувачка задача

Очигледно е дека риболовната игра ги претставува политичките проблеми кои варираат од тие во заедницата до тие на глобално ниво. Како што споменавме погоре CO2 емисиите, прекумерниот риболов, исфрлање на нуклеарен отпад и прекумерното трошење на подземни води се примери за вакви проблеми.

Можно е да се направи истражување за еден од овие или други проблеми како продолжение на часовите, или како истражувачки проект. Во овој случај учениците имаат час на кој ќе ги изнесат своите сознанија, а можеби и ќе се дискутира за следни чекори.

Клучниот концепт за конфликт

Сите ние сме имале искуство со конфликт и за повеќето од нас тоа е непријатно. Во плуралистичките општества разликите меѓу луѓето со различни интереси и вредности се зголемува, што го зголемува потенцијалот за конфликт.

Политичките општества сесоочуваат со предизвикот како да се справи со конфликтите. Демократијата е систем кој се обидува да го цивилизира конфликтот. Таа ја создава рамката преку која конфликтот се решава не преку насилство туку преку зборот. Размената на аргументи и јасната артикулација на различни интереси е дури и корисна, бидејќи дава јасна слика за потребите и интереси на различни групи во општеството кои треба да се земат предвид кога се одлучува.

Во плуралистичките општества со демократски устав, конфликтите обично се решаваат со компромис. Ова функционира најдобро ако конфликтот е во врска со распределба на сиромашен ресурс како финансии, време, вода, итн. Конфликтите кои се концентрираат на идеологија – различни вредности, религиозни убедувања итн.,  потешко се решаваат со компромис; тогаш мора да се најде мирољубив начин на соживот. Конфликтите кои се концентрираат на идентитет – боја, етничко потекло – не можат да се решат, туку мора да се запре од страна на „силна држава“.

Потенцијалот за конфликт е присутен секогаш и секаде при комуницирање на луѓето едни со други. Во ОДГ/ОЧП, учениците можеби ќе научат да го гледаат конфликтот како нешто „нормално“ од кое не треба да се плашат. Секако, тие мораат да ги поседуваат вештините за справување со конфликт преку преговарање и одговорност – спремноста да се земат предвид перспективите и интересите на другите, и да се заштитат правата на сите кои учествуваат во мирното решавање на конфликти. Затоа овој прирачник може да се смета како серија на обучувања за вештини на решавање конфликти. Учеството во демократија значи учествување во решавањето на конфликти.

Развивање на компетенции: упатувања до другите теми во оваа книга

Што покажува оваа табела

Насловот на овој прирачник, Учество во демократијата се концентрира на компетенциите на активниот граѓанин во демократијата. Матрицата го покажува потенцијалот за дополнување помеѓу темите во овој прирачник. Матрицата покажува кои компетенции се развиваат во 4-тата тема (засенчениот ред во табелата). Колоната која е со задебелена рамка ги покажува компетенциите за донесување политички одлуки и делување – таа е задебелена поради блиските врски со учеството во демократија. Редовите подолу ги означуваат врските со други теми во овој прирачник: кои компетенции што ги поддржуваат учениците во 4-тата тема се развиваат во овие теми?

Како може да се користи оваа матрица

Наставниците може да ја користат оваа матрица како алатка за правење план за часовите по ОДГ/ОЧП на различни начини.

  • Оваа матрица им помага на наставниците кои имаат само неколку часа да ги посветат на ОДГ/ОЧП: Наставникот може да ја одбере само оваа тема и да ги изостави другите, бидејќи тој/таа знае дека некои од клучните компетенции до одреден степен се развиваат во оваа тема – на пример, преземање одговорност, анализа на проблеми, преговарачки вештини.
  • Матрицата ги потсетува наставниците на потенцијалот за дополнување кој помага за учениците постојано да се обучуваат, во битни области и различни контексти кои се поврзани на многу начини. Во овој случај наставникот бира и комбинира повеќе теми.
Теми Димензии на развојот на компетенции

 

Ставови и вредности

Политичка анализа и расудување Методи и вештини Учество во демократија
Донесување политички одлуки и делување
4 Конфликт Анализа на дилеми и конфликти
Заемна зависност
Одржливост
Идентификување на сложени проблеми
Преговарање
Компромиси
Координација на политики
Волја за правење компромиси
Одговорност
2 Одговорност Анализа на дилеми Согледување на последиците од изборите Заемно признавање
3 Разноликост и плурализам Потенцијал за конфликти во плуралистичките општества Преговарање
5 Правила и закон „Правилата се алатки“ за справување со конфликти Анализа на проблеми и решенија Создавање и применување на институциона рамка на правила за решавање конфликти
6 Влада и политика Политиката – процес на решавање на проблеми и конфликти Опис и анализа на процеси на политичко одлучување Учество на јавни дебати за донесување одлуки
7 Еднаквост Конфликт меѓу мнозински и малцински групи Создавање на средства
Балансирање на групни интереси
Присвојување на туѓите перспективи
8 Слобода Говорењето – медиум за цивилизирано решавање на конфликти Дебатирање Стратегии за аргументи „Волтерски дух“: ценење на слободата на мислење и изразување на сите

ТЕМА 4: Конфликт – риболовниот конфликт

Како можеме да ја решиме дилемата на одржливост?

Тема на лекција Стручно оспособување/цели на учење Задачи на ученикот Материјали и извори Метод

Лекција 1

Риболовната игра (1)

Анализирање на комплексна ситуација, одлучување при временски притисок.
Учениците стануваат свесни за дилемите при одржување на одржливоста.
Учениците ги идентификуваат проблемите и развиваат решенија и стратегии. Материјал за наставници 4.1-4.4.
Калкулатор или компјутер.
Парчиња хартија (ширина А4), маркери.
Учење преку задачи.

Лекција 2

Риболовната игра (2)

Преговарање за компромис.
Заемна зависност, конфликт на интереси.
Учениците анализираат комплексен проблем.
Учениците (треба да) соработуваат за да развијат заедничко решение.
Исто како во лекција 1. Учење преку задачи.

Лекција 3

Како да фатиме „што е можно повеќе риби“?

Аналитичко размислување: поврзување на искуствата со апстрактен концепт или модел.
Модел на одржливи цели.
Учениците размислуваат за искуството со риболовната игра. Материјал за ученици 4.2.
Материјалот за ученици 4.3 е опционален.
Искажување после испитувањето.
Пленарна дискусија.
Индивидуална работа.

Лекција 4

Како можеме да ја постигнеме одржливоста?

Анализа и расудување: Размислување за искуството преку анализа заснована на концепти.
Стимулацијата многу влијае на нашето однесување. Ефектот на стимулациите се контролира со правила (екстерно) или одговорност (самоконтрола).
Учениците применуваат концепти на нивното лично искуство. Материјал за ученици 4.2. Презентации.
Пленарна дискусија.
Информации од наставникот.