Наставна единица 5 (Основно училиште, 5. одделение) – Сами ги договараме правилата во нашата училница

Living Democracy » Textbooks » Наставна единица 5 (Основно училиште, 5. одделение) – Сами ги договараме правилата во нашата училница

А    Грубо планирање

Клучни прашања/тема

Клучни активности

Потребни материјали

Активност 1

Кои права ги има секоја личност во нашата училницата?

Учениците во групи изработуваат список со предлози на правила во нивното одделение.

А3 листови

Активност 2

Што се добри правила? Зошто правилата можат да бидат досадни, а зошто корисни?

Децата размислуваат за принципот на редот и правилата.

Прирачници со основите за правилата за демократија, празни листови А4.

Активност 3

Како можат детските права да го покажат нивното делување во училницата?

Учениците во групи изработуваат предлози за правила во согласност со поединечните детски права.

Прирачници, копирани или напишани од самите ученици.

Активност 4

Изработување на групни предлози и усогласување на правила за класот.

Учениците ги споредуваат своите идеи и се обидуваат да најдат заедничко решение за одделението.

 

Б   Основа и цели на учење

Ако ги набљудуваме правилата за во училница од аспект на човековите или детските права, ненадејно ќе добиете значење кое го надминува само придржувањето до редот и мирот во училницата.

Човековите и детските права не се само збир на умни правни норми кои сами по себе важат. За да функционираат и да можат да се развијат навистина во служба на рамноправноста и правдата ќе мораат активно да се применат и спроведат како инструменти и правила во секојдневието. За учениците во секојдневието училиштето е многу важен елемент; за некои од нив дури и центар на нивното секојдневно живеење покрај семејството. Но, училиштето е многу повеќе од тоа: тоа е единственото место каде учениците можат да научат како да се однесуваат во заедницата во заштитена рамка и простор. Училиштето како целина, од училницата преку целата училишна зграда и двор сѐ до структурата на училиштето и нејзиното раководство формира модел на општество во мало, претставува еден вид на микро-општество. Она што учениците овде го учат, развиваат и испробуваат со голема веројатност ги формира во нивното однесување надвор од училницата и училишната заедница. Тоа свесно да се прави и да се искористи за воспитанието во смисла на детските права е важна цел на оваа наставна единица.

V5_P25

 

Во тоа спаѓа и увид во фактот дека правата и обврските образуваат надополнувачки пар на поим и концепт. Тие си припаѓаат меѓусебно како денот и ноќта, како летото и зимата. Правата и обврските зависат едни од други. Човековите и детските права не можат да се разберат доколку не се препознае оваа взаемна зависност.

Преку овој проект учениците ќе проучуваат неколку членови од Конвенцијата на правата на децата и тоа:

 

членот 12 – правото на сопствено мислење;

членот 13 –правото на слобода на изразување;

членот 28- правото на образование

членот 31- правото на слободно време и одмор.

 

В    Клучни прашања за рефлексија на петтата наставна единица

Доживување на детските права

Запознавање на детските права

Примена на детските права

Наставник

Како се води сметка за принципите на детските права во училницата или во училишната заедница?

Што знаат сега децата за детските права?

Учење како надвор од училиштето може нешто активно да се превземе: Што научија учениците за нивната иднина?

Преку оваа единица, децата непосредно дознаваат дека на сите луѓе им се потребни правила за да можат заедно да живеат; кои мора да ги разбираме и дека детските права претставуваат таков систем на правила.

Член 12,13,28,31 (види Конвенција на детски права во додатокот)

Учениците разбираат како се воспоставуваат правила во една демократија. Ќе умеат да учествуваат во демократските процеси на донесување одлуки.

Ученици

Како ги доживеав детските права на час?

Што научив за детските права?

Што можам активно да превземам?

Разбрав дека правата и обврските се нераздвоиви. Осознав дека правилата и правата се создадени од страна на луѓето и за луѓето, дека се менливи и дека не е лесно да се усогласиме на правила кои се обврзувачки за сите членови на една група.

Сега знам дека имам право да учествувам во изработката на правила за нашето одделение. Свесен сум дека развојот на Конвенцијата на детските права бил резултат од сличен процес.

Сега можам да се обидам да најдам слични правила за соживот во моето семејство, спортски клуб или заедно со моите пријатели. Мене ми е важно по можност сите учесници да земат учество и да успееме да се усогласиме на компромис.

 

Г    Микро планирање

Активност 1

Информативен вовед и преглед за проектот односно за програмата на следните четири активности.

Модерирана дискусија од страна на наставникот на тема „Права и Обврски“. Можни импулси:

  • Кажете некои права кои ги имате во училницата / во дворот на училиштето / во семејството! Сетете се на детските права за кои нешто веќе сте слушнале!
  • Овие права дејствуваат дури тогаш кога и другите ги почитуваат. Кон секое право припаѓа за другите / за сите нас и една обврска! Размислете за примерот за правото на сопствено име! А сега со други примери кои ги споменавте!

Учениците се делат во три, шест или девет групи (во зависност од големината на одделението, групата не треба да има повеќе од 5 деца). Делењето на учениците во групи може да биде со помош на игра или едноставно со избројување. Групите се означуваат со А,Б или В.

Секоја група назначува известувач – ученик. Потоа кратка рунда во одделението: Како го избравте известувачот во вашата група?

Секоја група добива лист хартија, поделен на три еднакви дела. Во горната третина групата ги запишува сите права кои според нивно мислење му припаѓаат  на секое лице во класот (вклучувајќи ги наставниците). Сите предлози се запишуваат по усогласување на групата и потоа се нумерираат.

Кратка рунда во класот: Што имате запишано (содржинска размена)? Колку добро функционира оваа вежба? Што го поддржа процесот на одлучување? Што го попречи?

Листовите се даваат на следната група (А на Б, Б на В, В на А).

Групата ја оценува листата со правата од претходната група и ги дискутира следните прашања: Кои обврски спаѓаат во овие права? Кои обврски мора да ги превземеме за да ги респектираме овие права? (На пр. на правото „Сите имаат право да бидат сослушани“ обврската „Ние имаме обврска да сослушуваме“)

Групата во средната третина од листот ги запишува обврските кои припаѓаат на правата во горната третина (со употреба на истите броеви).

На крајот на активността наставникот ги собира делата од учениците и ги прегледува до следната активност.

Активност 2 (Времетраење околу 1 ½ лекции)

Модерирана дискусија од страна на наставникот на тема „Правила“ илустрирана со упатување на пр. на правила во спортот, во училницата или во градскиот сообраќај. Аспекти / Импулси:

  • Што е добро во тоа да има правила? А што би можело притоа да пречи?
  • Кога сум среќен дека има правила;  Кога тоа ме нервира?
  • Кој поставува правила во различни контексти; кој има моќ во различни контексти да се спроведе придржувањето кон нив и да санкционира повреди на истите?

Како „влез” на почетокот на активността, или како резиме потоа, може да се употреби и текстот на следната страница „Дисциплина и ред во демократијата и во училиштето“ (евент. во поедноставна форма).

Дисциплина и ред во демократијата – и во училиштето

  1. Редот е неопходен под сите околности. Група без ред и правила не може да биде демократска.
  2. Мора да постојат граници. Правилата може да бидат погрешни или несоодветни. Но, сѐ додека не се заменат со други, мора да се почитуваат. Но, мора да е возможно да се променат.
  3. Од самиот почеток, децата треба да учествуваат во создавањето и применувањето на правилата. Само на овој начин тие ќе можат да се идентификуваат со правилата.
  4. Училишната заедница не може да функционира доколку не постои взаемно почитување и доверба. Понекогаш е тешко да се обезбеди таква атмосфера.
  5. На местото од натпреваруварувачкиот мора да дојде тимскиот дух.
  6. Пријателската атмосфера е од суштинско значење.
  7. Одлучувачка улога игра тоа како наставникот успева класот да го води демократски, развивањето на чувство на припадност во групата, воспоставувањето на комуникација итн.
  8. Групната комуникација е одржлива само во демократски воденото одделение и мора постојано да се негува.
  9. Учениците треба да се охрабруваат постојано да истражуваат нешто ново и да учат од нивните грешки.
  10. Слободата мора да се движи во рамките на одредена граница. Само на овој начин е можно да се развие индивидуална свесност за одговорност.
  11. Дисциплината и редот ќе се прифатат од луѓето, ако секој се развива и може да дојде до израз и ако се поддржи групата и се изградат задоволувачки односи и работни услови.

„Групата во која не се почитуваат редот и основните правила не може да е демократска“

Поделба на класот во исти групи како и во претходната активност. Наставникот ги дели А3-листовите од претходниот пат и го дава следниот инпут:

  • Погледнете го уште еднаш напишаното. Размислете за некои правила кои  сметате дека се многу важни за нашиот соживот и кои сакате потоа да ги презентирате во училницата и да ги дискутирате! (Тоа може да се однесува на точки кои се наоѓаат на горните две третини на листот или и на нешто ново).

Напишете ги овие правила на најдолната третина на листот и тоа по следните директиви  (најдобро да се одигра на еден или два примери!):

  • Правилата треба да се формулираат позитивно, не како забрани.
  • Формулирањето треба по можност да опфати обврска и право на пр. во форма на бидејќи-формулација. Пример:„Ние слушаме кога некој зборува, бидејќи секој има право да биде сослушан“.

Групите работат согласно зададените задачи. Потоа се спојуваат по две групи и си ги претставуваат нивните правила. Дискусија, фидбек и за разбирањето на формулирањето евент. преработување / оптимирање.

Избор на максимум три правила по група; овие се запишуваат со големи букви на големи ленти од хартија (од А3 попречно исечени).

Трите правила од секоја група се обесуваат напред; се поведува разговор во одделението за нив при што еден говорител од секоја група ги објаснува соодветните правила.

Целокупен преглед, „крајна реакција“ со поглед на една збирка на правила кои сакаме како обврзувачки да ги обработуваме за нашето одделение:

  • Што идентично или слично повеќепати се појавува?
    Што како би можело да се резимира?
  • Што би морало да се формулира прегнантно / поразбирливо?

Конечно изнаоѓање на консензус/усогласување на правилата. Секое дете смее да стави цртичка (или една лепенка) кај пет правила, кои според неговото мислење треба да бидат приоритетни на листата на правила на одделението. Правилата кои ќе добијат најмногу гласови (ограничено на пр. на десет правила) ја формираат листата на правила на одделението или ќе бидат додадени на веќе постоечка листа на такви правила. Тие можат да бидат запишани во посебен документ и да бидат потпишани од целото одделение. Овој документ добива проминентно место во училницата.

Рефлексија на учењето (при која воедно за прв пат ќе се применат и новообработените правила): Што ни помогна во досегашната работа, што беше тешко или со пречки? Како ти придонесе за активностите? Кои работи од другите во одделението беа од помош? Зошто, што тие направија?

Активност 3

Наставникот го актуализира/рекапитулира знаењето за детските права. (Спореди наставна единица 3, активност 2 и наставна единица 4, активност 1): Настанување; најважните детски права; евентуално врска со човековите права.

Потоа наставникот го претставува следниот избор на детски права, овојпат во врска  со оригиналниот текст од Конвенцијата на детските права (види во додаток):

  • член 12, претставување на сопственото гледиште и интереси
  • член 13, слобода на изразување
  • член 28, правото на образование
  • член 31, правото на слободно време и одмор.

Учениците се делат на групи (како во активност 1 и 2 или се формираат нови групи од по 3 до 4 деца). Секоја група добива лист А4 и подготвува согласно долу наведениот примерок работен лист со по две колони. Во потесната колона (лево) ги набројува четирите права и ги распределува во рамномерни растојанија на страницата. Во пошироката колона (десно) се запишуваат мислите за правата и обврските кои се поврзани со соодветните права. Појдовна точка може да биде прашањето „Ако мојот сосед, една другарка или еден соученик го бара тоа право кои обврски произлегуваат тогаш за мене и за другите?“. Или (за член 28): „Кои предуслови мора да ги исполнат општеството и училиштето за да може да се гарантира правото за образование? Што и како можам да придонесам како член на одделението за успехот на тоа право?“ – Овие резултати се дискутираат во следната активност.

Имиња на членовите на групата

Права Правила и должности

Член 12

Претставување на сопствените погледи и интереси.

 

За што се работи?

Член 13

Правото на слобода на изразување.

 

За што се работи?

Член 28

Правото на образование.

 

За што се работи?

Член 31

Право на слободно време и одмор.

 

За што се работи?

Активност 4

Учениците си ги презентираат резултатите т.е. она што го запишале во работните листови од активност 3. Има по еден говорник на група. Следните аспекти би можеле да се тематизираат:

  • Како постапивме кај оваа задача ? (процес на работа во групи и донесувањето на заеднички одлуки)?
  • Што беше важно за нас? (Критериуми и вредности)?
  • Што треба да направиме за да бидеме сигурни дека овие правила ќе се почитуваат? (Став кон правилата и нивната примена) ? Кои инстанци всушност се надлежни за овие четири детски права при почитувањето на правилата?

Можен крај: Заедничка крајна реакција, усогласување на заедничка формулација на правилата и обврските за четирите елементарни детски права. Замисливо е една група да добие задача да направи соодветен документ, во графичко и уметничко соодветна изработка, кој потоа заедно со одделенските правилата од активност 2 ќе биде изложен во училницата на денот на детските права како пример за применета демократија.