Вежба 8.1. – Решенија со двојна добивка

Living Democracy » Textbooks » Вежба 8.1. – Решенија со двојна добивка
Образовни цели Учениците разбираат дека конфликтот може да се реши на различни начини. Вклучените страни може да се во позиција на победници или губитници, или да се согласат на компромис. Ниедна страна не треба да се чувствува како губитник, бидејќи ова може да доведе до нов конфликт.
Ресурси Табла или постер.

Процедура

  1. Наставникот им објаснува на учениците дека може да има три типа на решавање на конфликт:
    ID_6993_Teaching democracy
    Тој/таа ги илустрира овие принципи на решавање конфликти на таблата.

    Добивка – добивка: решение во корист на двете страни

    Добивка – загуба: решенија во корист на едната страна

    Загуба – загуба: решенија со кои никоја страна не добива.

  2. Наставникот дава примери за различните начини на решавање конфликти:

    Момче и девојче се расправаат за една топка. Еден возрасен интервенира и им вели заедно да играат со топката или двајцата да играат еднакво време. И двајцата имаат корист. Ако возрасниот ја даде топката само на едниот, секако дека само тој/таа има корист. Ако возрасниот ја земе топката бидејќи не можат да се договорат, ниеден од нив нема корист.

  3. Во парови или групи, учениците го истражуваат нивното лично искуство за наоѓање други примери на конфликт. Тие можат да зборуваат за овие искуства дома и на училиште, па да преминат на поголемите конфликти со групи и цели држави.
  4. Учениците ги анализираат примерите за решавање на конфликти, ги идентификуваат со помош на моделот од погоре, прашувајќи се која страна ќе има корист од решението. Кој може да најде решенија со кои двете страни добиваат?
  5. Пленарна сесија: учениците ги споделуваат резултатите од анализата.

Варијација

После 2-риот чекор, учениците добиваат  опис на случај со конфликт. Во групите, се обидуваат да најдат решение со кое ќе нема губитници. Ако конфликтот веќе се решил, учениците можат да ги споредат нивните решенија со тој од вистинскиот живот и реакциите за него. Нивната анализа е според моделот на политички циклус (видете ја вежбата 7.9).