7.5 Улогата на наставникот во наставните секвенци ориентирани кон делување

Living Democracy » Textbooks » 7.5 Улогата на наставникот во наставните секвенци ориентирани кон делување

Учењето ориентирано кон делување во училиштето посочува многу животнорелевантни паралели кон учењето надвор од училиштето и учењето после завршувањето на училиштето во зрела возраст, во кое ние исто така мора да бидеме способни да се снајдеме без наставник или тренер. Наставникот затоа би требало да внимава на тоа, да не ги уништи соодветните потенцијали за учење со тоа што прерано или пресилно ќе интервенира. Наместо традиционалната улога на предавач и проверувач, наставникот треба повеќе да се смета себе си како тренер. Во ова променето разбирање на улогите меѓу другото спаѓаат и следните карактеристики:

  • Наставникот набљудува како ученикот се справува со односните проблеми и не попушта веднаш на барањето за помош и решение. По потреба може да дава упатства и малку да ја олесни задачата, сепак учениците треба до одреден степен да бидат предизвикани – исто како што е тоа и во реалниот живот.
  • Доколку наставникот ги набљудува учениците во работењето, тој има две перспективи на оценување во главата: процесот на учење и резултатот.25 При ова набљудување исто така се покажува каде уште постои потреба од учење. Додека учениците работат, наставникот веќе го креира грубото планирање на натамошните наставни секвенци на ОДГ/ОЧП.
  • Наставникот може исто така да се понуди и како извор на информации, кој ќе може да се „користи“ на барање и на пример на една група при едно итно прашање ќе ѝ даде информација. Притоа улогите можат наполно да бидат заменети во смисла што учениците ќе одлучуваат кога и на која тема посакуваат инпут од наставникот.

23. Види и дел 2, наставна тема 5, работно досие 3 во оваа книга: перспективи и форми на оценување