Час/лекција 2: Ние правиме вака

Living Democracy » Textbooks » Час/лекција 2: Ние правиме вака

Какви решенија имаме за проблемите?

Цели на учењето Учениците размислуваат за нивните механизми за разрешување на конфликти и развиваат разбирање за различните гледишта и различните личности и однесувања.
Задачи на учениците Учениците даваат свои размислувања за проблемите и генерираат предлози за решенија.
Ресурси Flipchart, пенкала.
Методи Групна работа.

Опис на часот

Наставникот повторно ги презентира листите на проблеми или конфликти од претходниот час. Учениците работат во групи од по четворица. Одбираат два проблеми или конфликти од листата на кои ќе работат со својата група.

Секоја група работи на два проблеми или конфликти.

Учениците дискуираат за нивните различни идеи за разрешување на конфликтите или проблемите така што решенијата ќе се однесуваат на целната група или личност (во зависност од тоа дали проблемот спаѓа во категоријата на општ или индивидуален проблем).

Учениците ги запишуваат своите идеи и прават постер со двата проблеми или конфликти и можните начини како тие можат да се разрешат. Ги истакнуваат решенијата кои тие мислат дека се најсоодветни.