7. Предавање за детските права: Прашања за појаснување како помош

Living Democracy » Textbooks » 7. Предавање за детските права: Прашања за појаснување како помош

Во овој прирачник направен е обид малите проекти за настава на тема детски права така да се опишат, што основниот концепт – учење ориентирано кон делување, фокусирање на решавање на проблеми, интерактивно учење и учење во чиј центар се учениците, училиштето како слика на заедницата кое што се води по принципите на човечките и детските права – ќе може да се пренесат од страна на наставникот и на други задачи и теми.

Наставните методи кај овој пристап се важен дел од пораката која што треба да се проследи. Компетенцијата да се изберат соодветните методи и генерално да се планира наставата за да се поткрепат учењето и содржината мораше да се запази и во нашиот прирачник. Овие прашања за појаснување можат да служат како водич за планирање  на други слични проекти.

Прашања за појаснување

Референци за наставните единици во оваа книга

Дали темите и методите се адекватни на нивото на знаење, на ставовите и очекувањата на учениците?

Наставникот мора сам да може да го оцени тоа, а мора и да одлучи кој вид на советување им е потребен на учениците.

Составот на одделението (на пр. односот на половите, етничката основа, потребите за учење) ги одредуваат условите за учење во одделението. Дали наставникот ги зеде во предвид овие услови при изборот на методите?

Само наставникот може да го одговори ова прашање. Можеби врз основа на одредени услови на учење во едно одделение ќе мора една наставна единица да биде прилагодена за да може да биде оправдана на соодветните прашања и потреби.

Дали предвидените методи будат кај учениците интерес за учење и дали тој интерес може да се одржува?

Пристапот ориентиран кон делување во оваа наставна единица обезбедува активно учество на учениците во наставата.

Дали методите им овозможуваат на учениците лично да ја преземат иницијативата и дали им дозволуваат самите да го управуваат нивниот процес на учење?

Преку проектната настава на учениците им се пренесува одговорноста за нивната работа, вклучувајќи го и временското планирање. Ризикот од промашување постои исто како и во реалниот живот и со тоа нуди добар повод за учење; ова се разбира под услов да се рефлектира за тоа со една можност на сочуствување.

Дали методите им дозволуваат на учениците да ги рефлектираат нивните лични искуства и делувања?

Секоја наставна единица содржи фаза на договарање; во некои учениците експлицитно се иницираат да ги рефлектираат нивните искуства на учење.

Дали учениците преку методите се охрабруваат да ги набљудуваат проблемите и поставувањето на прашањата од различни перспективи?

На пр. наставна единица 1 – Јас имам име: Децата стануваат свесни како меѓусебно се прифаќаат и дека секое дете си поседува своја единствена личност.

На пр. наставна единица 8: Едно детско право се анализира од различни перспективи.

Дали методите поддржуваат критичко мислење и дискусии во одделението?

Сите наставни единици содржат рунди на дискусија и го поддржуваат критичкото мислење.

Дали методите на учење го потпомагаат учењето со „глава, срце и рака“

Уметнички дела, кутија со богатство, ставање во улога на магионичар.

Дали методите им дозволуваат на учениците да ги применат нивните комптенции?

Различни аранжмани на учење (поединечна работа, кооперативно учење, разговор во одделението (одделенска дискусија). Проектите водат до видливи резултати. Рефлексијата на сопственото учење покажува кој напредок е постигнат и кои цели се постигнати.

Дали методите им дозволуваат на различните типови на учење да учат на различен начин (конструктивистичко учење)?

Индивидуалниот аранжман на учење и широкиот избор на активности им дозволува на различните типови на учење да работат и да се развиваат соодветно на нивните потреби.

Дали методите им дозволуваат на различните типови на учење да учат на различен начин (конструктивистичко учење)?

Индивидуалниот аранжман на учење и широкиот избор на активности им дозволува на различните типови на учење да работат и да се развиваат соодветно на нивните потреби.