1. Основа

Living Democracy » Textbooks » 1. Основа

Советот на Европа, најстарата европска организација беше создадена во 1949 година под импресија на Втората светска војна и ги следи следните цели: Заштита и поддршка на човековите права, на демократијата и на конституционалноста во Европа. Работното поле на Советот на Европа опфаќа многу активности, меѓу другото и образование и култура. Во текот на последните педесет години многубројни кооперативни проекти за поддршка на културата, на демократијата и на човековите права во цела Европа беа вратени во живот.

На почетокот на 1990тите години Советот на Европа како последица на интеграцијата на новите демократии во Средна и Источна Европа помина значителен процес на трансформација, во рок од само десет години двојно се зголеми бројот на земји членки. Во ова време на промени се бараше систематски приод кон демократското образование. Така во 1997 година од државните и владините шефови на Советот на Европа беше лансиран нов проект со наслов „Демократско образование“ (ОДГ; Образование за демократско граѓанство). Оттогаш овој проект беше значително продолжен и проширен за силна димензија на човековите права; сега го носи името „Образование за демократско граѓанство и човекови права“ (ОДГ/ОЧП).

Со лансирањето на овој проект, земјите членки на Советот на Европа го признаваат фактот дека луѓето не се раѓаат како демократски граѓани и граѓанки, туку тие стануваат такви дури преку образованието. На крајот на дваесеттиот век европските општества беа конфронтирани со голем број на проблеми: политичка апатија; наплив на миграции кои водеа до растечки социјални разлики; закани по животната средина и зголеменост на насилството. ОДГ/ОЧП се разбира како придонес за решавање на такви проблеми. Во ОДГ/ОЧП се работи за поддршка на конкретно доживотно учество, за одговорност, солидарност, обострано почитување и дијалог. Во изминатите 13  години во некогашните паневропски рамки на Советот на Европа најдобрите стручњаци од оваа област заедно се сретнаа за да ги промовираат соодветните намери.