Час/Лекција 1/Час 1: Сите различни, сите еднакви

Living Democracy » Textbooks » Час/Лекција 1/Час 1: Сите различни, сите еднакви

Се прифаќаме еден со друг во една група

 

Цели на учењето Учениците учат да се спознаат и прифатат еден со друг како дел од групата. Учениците откриваат што имаат заедничко за што не биле свесни претходно. Тие стануваат свесни за ставовите и навиките кои се однесуваат на различноста.
Задачи на учениците На учениците им се претставуваат серија на карактеристики една по една. Тие треба да одлучат дали ги поседуваат сите овие карактеристики. Откако ќе ги воочат своите карактеристики и оние на нивните соученици, ги дискутираат прашањата кои се однесуваат на еднаквоста.
Ресурси Креда или конец за цртање или правење на линија на подот.
Методи Групна работа, пленарна дискусија.

Опис на часот

Наставникот црта линија на подот на средината на училницата или тоа го прави со конец. Треба да има доволно простор на двете страни за да можат учениците да стојат.

Наставникот им вели на учениците сите да застанат на една страна од линијата.

Потоа, наставникот започнува да кажува серија карактеристики една по една. Веднаш штом ќе се каже карактеристиката, учениците треба да одлучат  дали таа карактеристика се однесува на нив. Оние кои ќе се препознаат во некоја карактеристика треба да ја преминат линијата. Откако ќе го направат тоа, учениците треба да видат кој друг го направил истото.

Ова се примери на одредени карактеристики кои наставникот може да ги спомене. Ученици кои:

  • Носат фармерки;
  • Имаат сини очи;
  • Имаат посетено други земји во Европа;
  • Редовно читаат весник;
  • Денес имале доручек;
  • Имаат сестра или брат;
  • Сакаат да гледаат телевизија;
  • Сакаат да играат фудбал.

Потоа може да се запрашаат учениците и тие да кажат некои карактеристики, но наставникот треба да биде претпазлив за чувствителноста на предлозите.

Откако оваа активност ќе се прави одредено време, учениците треба да направат круг со помош на своите столчиња. Потоа, тие треба да ги дискутираат следните прашања:

  • Дали некој се најде во група со некој друг со кој мислеле дека немаат ништо заедничко?
  • Какво е чувството да се биде дел од група?
  • Какво е чувството да се биде сам?

Варијација:

Веднаш откако ќе се спомене карактеристиката, учениците се групираат со оние кои ги имаат истите карактеристики со нив. Тие остануваат заедно еден момент со цел да дискутираат што имаат заедничко. Нивната дискусија може да биде во насока на што преферираат и однесување, на пример.