1. Вовед

Living Democracy » Textbooks » 1. Вовед

Иницирањето и придружувањето на процесите на учење припаѓа на една од најфасцинантните задачи во наставната професија. Сепак доколку наставникот нема јасна претстава за тоа низ кои процеси на учење поминуваат неговите ученици, за да ги постигнат од негова страна избраните наставни цели, тој нема да биде во состојба на адекватен начин да ги испланира наставните техники, опкружувањето при учењето, активностите за учење, задачите и методите на работа. Во наставата по образование за демократско граѓанство и човекови права овие процеси можат крајно многустрано и различно да изостанат. Оној кој одвојува време за соодветна рефлексија и се справува со прашањето како индивидуите најдобро учат, добива голем профит за себе си, а и за наставата.