Час/лекција 3: Листа на идеи

Living Democracy » Textbooks » Час/лекција 3: Листа на идеи

За кои решенија се залага мнозинството?

Цели на учењето Учениците учат како да формираат аргументи во една дебата. Учат како да ги изложат придобивките и негативните страни во текот на една дискусија и да разберат како функционира мнозинството.
Задачи на учениците Учениците ги претставуваат своите предлози за решенија и одлучуваат за создавање на општи правила во училницата.
Ресурси Flipchart, пенкала.
Методи Пленарна дискусија.

Опис на часот

Учениците ги презентираат постерите кои ги направиле за време на вториот час пред целиот клас. Исто така, тие дискутираат за тоа кои би биле најсоодветните решенија за проблемите или конфликтите. Ги наведуваат причините за тоа зошто мислат дека тие решенија се најсоодветни.

После секоја презентација, учениците ги поставуваат своите постери на ѕидот.

Во еден клас од 25 ученици, околу 6 групи ученици ќе ги претстават своите решенија па така 12 проблеми или конфликти ќе бидат разгледани. Откако сите групи ќе ги презентираат своите идеи, учениците треба да гласаат за различните решенија.

За секое решение се дадени броеви од 1 до 5 (претпоставувајќи дека нема да има повеќе од пет понудени решенија за секој проблем или конфликт). За да може да се гласа, на учениците треба да им се дадат картички со бројот на соодветното решение на проблемот. За секој проблем или конфликт, учениците гласаат со подигнување на картичка со бројот на решението. Наставникот ги брои картичките и го забележува решението кое има добиено најголем број на гласови.

Откако сите решенија на проблемите или конфликтите ќе бидат евалуирани од страна на учениците, тие треба заедно да ги разгледуваат резултатите и фактот дека решението беше изгласано од страна на мнозинството.