Час 1: Како луѓето можат да живеат заедно?

Living Democracy » Textbooks » Час 1: Како луѓето можат да живеат заедно?

Како образованието може да помогне во развивањето на толеранцијата и разбирањето13?

Цел на учењето Учениците се способни за:
– Да ги сфатат прашањата кои се создаваат кога заедниците со различни вредности и верувања се обидуваат да живеат заедно во мир.
– Да ја сфатат улогата на образованието во развивањето  на разбирањето помеѓу луѓето од различни култури.
– Да сфатат дали поединците, сами по себе, можат да влијаат врз општеството.
Задачи за учениците Учениците дискутираат за прашањата кои
произлегуваат од приказната.
Учениците  се ангажираат во критичко мислење.
Тие споделуваат идеи.
Учениците играат улоги за да го истражат
прашањето.
Материјали Копии од материјалот за учениците 3.1.
Метод Дискусија.
Критичко мислење.
Претпоставување.
Играње улоги.

Часот

Наставникот ги претставува целите на часот и ја чита приказната „Училиштето на работ од шумата“ (материјал за учениците 3.1.) на одделението.

Наставникот ги седнува учениците во круг и ги замолува да кажат што е она што ги изненадило или им било интересно во врска со приказната и зошто. Им дава две минути во “buzz – групи” (групи  од макс. 3 учесници кои интензивно дискутураат за одредено прашање или тема) да зборуваат со партнерот пред да ги споделат нивните гледишта со целата група.

Наставникот го потсетува одделението дека целта, во една дискусија „заснована на прашања“, е да се споделат идеите и да се разработуваат заедно. Не постојат точни или грешни одговори.

Потоа, наставникот ги замолува: „Ајде сите да размислиме за сите оние луѓе кои можеби би посакале да го запалат училиштето (примерите можат да бидат: некои од децата, некои од родителите, член на заедницата, како што е свештеникот). Кои мотиви тие би ги имале? Кој ќе добие, а кој ќе изгуби ако училиштето не се изгради повторно? (На пример, ако учениците не мора да одат на училиште, дали е тоа добивка или загуба за нив?)“

Ова би можело да биде направено во форма на табелата дадена подолу:

Име на страната Добивки Загуби
Ученици
Родители
Свештеник
Целата заедница
Други?

Сега, наставникот ги води учениците при фокусирањето на улогата на наставникот во приказната. Како прво, едно општо прашање – „Какво е твоето гледиште за наставникот?“ – ги предизвикува учениците да придонесуваат со свои идеи. Понатаму, следни прашања би можеле да бидат:

  • Дали тој беше будала, идеалист или беше храбар?
  • Дали му се восхитуваш или го презираш за она што се обиде да го направи?
  • Што мислиш, кои беа неговите мотиви?
  • Што мислиш, од каде ги добил неговите социјални вредности?
  • Што би требало тој да направи сега и зошто? (Да се обиде повторно или да се откаже?)
  • Ако ти беше ученик во ова училиште, што би сакал да направи наставникот?

Потоа, наставникот им помага на учениците да ги поврзат прашањата од приказната со нивната заедница. Можните прашања вклучуваат:

  • Размисли за тоа каде живееш.
  • Дали мислиш дека на луѓето им се допаѓа наставникот?
  • Дали е можно поединците сами да направат некаква разлика во општеството? Размисли за примери.

Другите важни прашања, произлезени од приказната, вклучуваат:

  • Што мислиш, дали навистина би можело да се постигне мир помеѓу два народа преку заедничко школување на нивните деца?
  • Кои се проблемите со кои се соочуваат училиштата и наставниците кога децата со различни вредности и различни религии се школуваат заедно? Како ова може да биде решено?
  • Часот може да биде заокружен со играње улоги. Замисли дека пред да изгори училиштето, некои родители на децата од рамницата дојдоа кај наставникот со поплака. Тие рекоа:

    „Во ова училиште има повеќе деца од полето отколку деца кои живета во шумата и затоа ние мислиме дека Вие не би требале да ги учите нашите деца за религијата на децата кои живета во шумата. Тоа би можело да ги сврти против нивните луѓе.“

Наставникот е несреќен поради ова. Во парови, создадете разговор помеѓу еден родител и наставникот. Изведете го тоа пред остатокот од одделението.

13. Засновано на еден час, развиен од Фондацијата за граѓанство, Лондон.