5.1 Принцип на неиндоктринација

Living Democracy » Textbooks » 5.1 Принцип на неиндоктринација

Наставниот персонал не смее да се обидува со било какви средства во смисла на индоктринирање на посакувано мислење на пример во поглед на политичка коректност. Затоа наставникот не смее да ги замолчи или посрамоти учениците или ученичките со надмоќен начин на аргументирање, а напротив треба да го потпомага или поддржува добивањето на самостојно мислење. Секој обид на наставникот да ги индоктринира ученицитене, не е во согласност со ОДГ/ОЧП и претставувањето на целите на полнолетните граѓани,  кои се способни и согласни да учествуваат во едно отворено општество и слободна, плуралистична демократија.

5.1.1 Практични влијанија

Затоа наставникот би требало во наставата по ОДГ/ОЧП по правило само да ги модерира дискусиите, а не да зема активно учество во нив. Доколку учениците експлицитно го прашаат наставникот за неговото мислење, препорачуваме тој да се произјасни. Учениците знаат дека наставниците, исто како и останатите граѓани, имаат сопствено политичко мислење и прашуваат за него. Во оваа ситуација наставникот би требало да им појасни дека сега не зборува повеќе во неговата улога на наставник, туку како приватно лице. Доколку наставникот одбие да заземе став, учениците би можеле всушност да почувствуваат нешто чудно, што баш нивниот наставник по ОДГ/ОЧП се однесува политички неутрално, додека самиот од нив очекува постојано да го изразуваат нивното мислење.

Еден наставник кој се залага за човековите права вистински ќе го боли доколку еден ученик или ученичка застапува мислења со расистички, националистички или фундаменталистички нијанси. Но тој сепак би требало да се воздржи од тоа таквите ученици или ученички да ги нападне или на авторитетен начин да ги замолчи. Наместо тоа треба да се обиде да разбере зошто еден млад човек прифатил таков начин на размислување. Како следен чекор мора да се обиде да го повика засегнатиот ученик/ученичка на дијалог и во најдобар случај да го поттикне на поинакво и потолерантно мислење.