Вежба 5.4. – Улогата на законот

Living Democracy » Textbooks » Вежба 5.4. – Улогата на законот
Образовни цели Античките филозофи се повикувале на различни вредности при одредување на улогата на законот.
Различните вредности се поврзани со различни социјални и политички системи.
Теоријата создава рамка за разгледување на секојдневното искуство, во која нашите вредности се водени од нашите интереси.
Учениците се охрабруваат да направат намерни избори на вредности во рамките на човековите права, да ги изнесат за споредба и дискусија и да се држат до нив во секојдневниот живот.
Ресурси Различи концепти за улогата на законот се запишуваат на голем лист хартија и се прикачуваат на ѕидот (видете М 1 во делот за материјали).

Процедура

  1. Учениците прават групи од 3-4 ученика и добиваат листови со список на правила на однесување (видете М 2 во делот за материјали).
  2. Секоја група треба да ги поврзе правилата на однесување со основниот концепт на законот (10 минути).
  3. Групите ги проверуваат резултатите.
  4. Учениците го одбираат концептот со кој најмногу се согласуваат.
  5. Учениците го одбираат концептот со кој најмалку се согласуваат.

Продолжение

Размислување на часот:

  • Дали правилата кои ги применувате во вашиот живот одговараат со вашиот избор?
  • Дали знаете правила кои спаѓаат во опциите кои ги отфрливте? Дали сте им се спротиставиле? Зошто? Што сте направиле?

Размислување во писмена форма:

  • Кон кој концепт на законот најмногу се придржувате и зошто?
  • Дадете пет правила од секојдневниот живот кон кои се придржувате.

Материјали

М 1: Основни концепти на законот:

  1. Целта на законот е да ги спречи индивидуите да ги прекршат правата на другите луѓе (Аристотел).
  2. Целта на законот е на секоја личност да ѝ се даде тоа што заслужува (Аристотел).
  3. Целта на законот е да се создаде совршено општество (Платон).
  4. Законот служи за да се спречи штетата направена преку неправда врз индивидуите (Глаукон).
  5. Законот треба да служи за да ги зачува интересите на тие што владеат (Трасимах).
  6. Улогата на законот е да го одржи социјалниот мир преку обезбедување на благосостојбата за сите и да ја спроведе праксата на тоа што е корисно за општеството (Протагора).
  7. Целта на законот е да ги заштити најслабите.

М 2: Правила

  1. Луѓето кои ги брутализирале нивните деца ќе бидат притворени.
  2. Државата ќе им гарантира приход за преживување на невработените.
  3. Приоритетот за работни места ќе го имаат учениците кои имаат најдобри оцени.
  4. Сите работници треба да дадат нешто од нивната заработка како поддршка за потребите на невработените.
  5. Секое дејство од една личност што создава штета на друга личност го обврзува сторителот да надомести за неговото дејство.
  6. Наставниците треба да се осигурат дека учениците знаат дека законите во нашето општество, како најдобри закони, не смеат да се прекршат.
  7. Секоја личност која демонстрира спротиставеност на организацијата на општеството ќе биде упатен во центар за реедукација.
  8. Само активностите кои се одобрени од државата, а се за благосостојбата на сите се дозволени.
  9. Само тие што плаќаат данок имаат право да гласаат.
  10. Сите млади луѓе мораат да припаѓаат на државни организации, за да можат да се активираат во корисна работа.
  11. Компаниите треба да постават незагадувачки филтри на оџаците.
  12. Никој не смее да шири идеи кои не се признаени од владата како валидни.
  13. Државата има право да направи експропријација ако тоа е потребно за јавниот интерес.
  14. Директорите на компании имаат право да огранизираат приватни безбедносни служби.
  15. Забрането е да се влезе во домот на која било личност без нејзина дозвола.