Вежба 8.6. – Казнување наспроти позитивно решавање на конфликти

Living Democracy » Textbooks » Вежба 8.6. – Казнување наспроти позитивно решавање на конфликти
Образовни цели Учениците се мотивирани да ја прифатат идејата за законот и правилата во една група.
Учениците можат да ги прифатат разликите и да учествуваат во процеси на одлучување.
Тие го развиваат нивниот креативен потенцијал за решавање конфликти.
Ресурси Материјал за ученици: „Список на казнувања“

Процедура

  1. Учениците кажуваат форми на казнување. Во овој вовед на часот тие се експерти, бидејќи тие можат да набљудуваат и да се користат со искуството. Тие може веќе да почнат со коментари.
    Наставникот го дели материјалот „Список со казнувања“ на учениците, а тие тивко читаат.
  2. Учениците дискутираат во мали групи (3-4 уч.) за тоа кои казни имаат смисла а кои не.
  3. Групите ги споделуваат резултатите со другите групи (тука е корисно аранжирањето како сложувалка; види вежба 5.3).
  4. Учениците се враќаат во нивните групи и дискутираат која казна треба да се користи во следните ситуации (и дали воопшто):
    • ученик доаѓа на училиштедоцна
    • ученик не ја напишал домашната задача
    • ученик пречи во работата на часот
    • ученик навредува соученик поради неговото потекло или религија
    • ученик малтретира ученичка
    • Ученик е насилен на часот/на одморите.
  5. Пленарна сесија: учениците ги претставуваат резултатите.
    Последователната дискусија може да го обработува следното прашање: Дали има алтернативи за давањето на казна (пр. медијација меѓу злосторникот и жртвата)?

Продолжение

Учениците глумат сцена со позитивно, креативно решавање на конфликти.

Материјали

Материјал за ученици

Список со казнувања

  1. Пишување поема
  2. Раскажување бајки на мали деца
  3. Кажување шеги и квизови на часот
  4. Десет склекови за пцовки
  5. Стоење на часот толку минути колку што сте доцнеле
  6. Стоење додека пишувате
  7. Подготвување на час за учениците
  8. Еден час работа во градината
  9. Чистење на рекреативниот простор
  10. Чистење на училницата
  11. Бркање од часот9
  12. Трчање околу училиштето десет пати
  13. Казна за време на одморот
  14. Додатна работа за еден од вашите послаби предмети
  15. Плаќање на казна која ќе ги покрие главните трошоци
  16. Пишување на извинување
  17. Понатамошни предлози…

9. Напомена: Книгата е пишувана 2008-ма година во Швајцарија. Во Р. Македонија бркањето од час е забрането со закон.