Лекција 1: Мислења за изборите и идентитетот

Living Democracy » Textbooks » Лекција 1: Мислења за изборите и идентитетот

Со чие мислење се согласувам?

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.
Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организација на времето.

Стручно оспособување Појаснување на личните ставови и избори.
Крајна цел на учењето Преку нашите избори на другите им кажуваме кои сме, кој е нашиот идентитет.
Задачи на учениците Учениците избираат цитати и ги објаснуваат нивните избори.
Материјали и извори Три копии од материјалите за наставници 1.1, со цитатите исечени во ленти пред часот.
Метод Работа во групи.
Пленарна сесија.
Временски буџет 1. Учениците прават избори – 15 мин.
2. Учениците ги објаснуваат нивните избори – 15 мин.
3. Учениците ги споредуваат и размислуваат за изборите. – 10 мин.

Информационо поле

Во оваа лекција учениците прават избори и се запознаваат со темата на избирање преку нивното лично искуство. За сложениот поим на идентитет, се користи пристапот базиран на задача наместо теоретски пристап (базиран на текст), бидејќи им помага на учениците да сфатат дека поимот за идентитет е поврзан со нивните животи на многу практичен начин.

Комуникацијата меѓу учениците доминира на часот. Вообичаениот распоред на клупи би бил контра-продуктивен; затоа ако е возможно клупите треба да се наместат покрај ѕидовите (како потковица).

 

Опис на лекцијата

1. Учениците избираат

Учениците го даваат контекстот

Наставникот ја претставува темата. Секој ден низ нашите животи ние правиме избори и одлуки – на кои примери им текнува на учениците? Учениците одговараат и даваат примери од нивното искуство. Наставникот внимава на тоа тие да зборуваат за одлуките, но да не навлегуваат во деталност – да зборуваат за проблемите или причините за тие одлуки. Во рок од пет минути колку што може повеќе ученици треба да земат збор. Наставникот не треба да коментира за исказите; тој/таа внимава на рамнотежата меѓу секојдневните избори (купување сендвичи или грицки) и клучните одлуки (избирање работа). Наставникот истакнува кои тенденции се очигледни во изборите на учениците.

Учениците избираат цитат

Наставникот им објаснува на учениците дека ќе слушаат цитати од автори од различни земји, и од античко и модерно време. Нивната задача е следната:

  • Учениците треба да изберат задача со која навистина се согласуваат или не се согласуваат.
  • Учениците кои го избрале истиот цитат формираат мали групи (не повеќе од 6 члена) и ги споделуваат причините за нивните избори. Групата назначува говорник.
  • По пет минути, говорниците на секоја група даваат кратко излагање за изборите во пленарната рунда.

Тие ги читаат цитатите и ги изнесуваат главните причини зашто учениците во групата се согласуваат или не се согласуваат со нив. Ако има различни мислења во групата, тоа треба да се изнесе.

Наставникот ги става цитатите исечени во ленти на клупите на учениците. Потоа секој ученик кој добил цитат го чита на глас пред класот. Тогаш учениците почнуваат со задачата, а наставникот ги набљудува. Ако некоја група е преголема тогаш тој/таа интервенира за да учениците се поделат во помали групи. Ако ова се случи има повеќе копии од цитатите. Наставникот забележува кои цитати ги избрале учениците, а кои не. Тој/таа нема да може да ги чуе разговорите на учениците , бидејќи сите ученици ќе зборуваат, а вревата ќе биде слична како во полно кафуле.

2. Учениците ги објаснуваат нивните избори

Говорниците имаат излагање

Наставникот најавува дека е време за дискусија и ги повикува учениците да учествуваат во пленарната рунда, со која претседава наставникот. Учениците остануваат во групи. Потоа секој говорник има збор. Ако е потребно, наставникот го потсетува говорникот да зборува за причините за нивните избори, а учениците можеби ќе бараат повеќе објаснувања. Наставникот внимава да нема дискусии пред да завршат сите говорници.

Наставникот и учениците прават мисловна мапа како документ.

Пред следниот говорник да земе збор, наставникот им вели на слушателите да ги сумираат клучните искази кои ги слушнале, на пример „Многу од нашите избори се неповратни“, или „Кога избираме, ги практикуваме правата на лична слобода“. Наставникот или некој ученик – ги сумира точките во едноставна мисловна мапа (види го примеротподолу).

V4_P40_MACED

 

3. Учениците ги споредуваат и размислуваат за нивните избори

Учениците ја читаат мисловната мапа – документ со многу избори

Мисловната мапа ја зајакнува заклучната фраза за размислување во оваа лекција.

Наставникот прашува едно прашање со цел да предизвика размислување – возможни се многу различни одговори, бидејќи учениците се како експерти за самите себеси; говорниците само што известиле што учениците мислат за различните цитати поврзани со правење избори. Самите групи беа формирани од изборите на учениците – тогаш што ни кажува оваа мисловна мапа за учениците?

На учениците можеби ќе им е потребно малку време за да размислат. Треба да имаат време – што е подобро од час со ученици кои сериозно размислуваат во тишина? Затоа оваа продуктивна фаза не треба да се заврши прерано со тоа што веднаш ќе се даде збор на првиот ученик кој крене рака. Тогаш може да зборуваат повеќе ученици. Можни се многу различни ставови, а тие ќе варираат во зависност од контекстот кој учениците го создале преку нивните избори кои се забележани во мисловната мапа.

Заклучок: клучни искази

Задачата на наставникот е да го заврши часот со сумирање на клучните искази за учениците. Тие можат директно да се изразат, или да се прикажат како лајт-мотив во повеќе искази. Наставникот ги забележува клучните зборови на табла за да го поддржи сумирањето.

  1. Во овој час, учениците направија избори додека зборуваа за избори.
  2. Учениците направија различни избори, од различни причини (еве некои примери):
    • лично искуство;
    • вредности;
    • пол;
    • грижа за другите, одговорност;
    • човекови права
  3. Изборите на учениците покажуваат дека тие се различни личности.Изборите ни кажуваат кои се тие, кој е нивниот идентитет.