Материјал за учениците 7.1: Како да напишеш статија

Living Democracy » Textbooks » Материјал за учениците 7.1: Како да напишеш статија

Основна структура на статија

1. Наслов

Секоја статија има наслов. Тој има важна улога: не треба да го „преплави“ читателот, туку треба да го „улови“ неговото внимание и да го разбуди неговиот интерес да чита понатаму.

Читателите на весници ги прелистуваат страниците брзо за да одберат статија која ги интересира и според тоа, потребен е наслов кој го „лови“ читателското око. Правете ги насловите кратки, користете големи и задебелени букви и одделете ги насловите од останатиот текст.

2. Воведни реченици

Воведните реченици вообичаено ќе бидат првиот параграф од вашата статија (продуцентите на весници ова го викаат „поднасолв“). Како правило, одбележан е со задебелени букви.

Воведот му ја дава најважната информација на читателот. Во главен информативен текст, читателот наоѓа одговори на клучните прашања.

Во написи и текстови, кои се емоционални повеќе од фактографски, првите реченици често јасно ја опишуваат сцената. Овде, читателскиот интерес во читањето не е побуден од фактографска информација, туку од стилски средства.

3. Користење на јазик и стил

Внимателно и детално користење на јазикот е можеби поважно за добра статија, отколку точно користење на новинарски форми или стил. Ако го гледаме весникот како куќа, тогаш различните форми на новинарско пишување и презентирање можат да биде мебелот, но зборовите би биле тулите со  кои куќата е изградена.

Додека, некако, можеме да поминеме без мебел, не можеме да живееме во куќа без тули. Емоционално напишани статии, со „човечки допир“, се многу популарни во весниците. Но, бидете внимателни, премногу сол ќе ја расипе супата (некој може да има премногу добра работа)!

Тоа не води до реченицата. Правете ги вашите реченици кратки и едноставни. Читателите ќе имаат потешкотии во разбирањето на реченици со повеќе од 14 зборови. Реченици со 25 или повеќе зборови едноставно се несфатливи. Под сите околности, избегнете комплексна структура на реченицата, која содржи многу запирки и одделни членови. Нека ви стане практика читањето на секоја реченица, веднаш откако сте ја напишале. Дали е јасна и лесна за разбирање? Дали има некои непотребни зборови?

Печатните грешки не само што даваат лош впечаток, но исто така го заморуваат читателот, затоа што му го одземаат вниманието од пораката. Пред да ја доставите вашата статија, ревидирајте ја – и ова значи проверете ја точноста и целосноста на информацијата (ова значи проверување на вистинитоста и точноста на информацијата), исправете ги јазичните грешки, проверете го стилот и сфатливоста.