Материјал за учениците 4.2: Сценарија за конфликти

Living Democracy » Textbooks » Материјал за учениците 4.2: Сценарија за конфликти

Конфликт 1

Двајца соседи се расправаат за оградата која се наоѓа помеѓу нивните лични имоти. Едниот сосед сака да ја замени оградата со нова, зашто мисли дека старата ограда повеќе не е во добра состојба. Тој очекува неговиот сосед да плати половина од трошоците за новата ограда. Вториот сосед се согласува дека оградата не е во добра состојба, но не сака да троши пари за нова ограда. Тој мисли дека постоечката ограда, иако не изгледа убаво, сепак успева да го задржи кучето на соседите надвор од неговата градина. Освен тоа, нему не му се допаѓа постојаното фалење на соседот со нови, поскапи работи.

Конфликт 2

Татко и мајка длабоко не се согласуваат еден со друг во врска со тоа како да реагираат кога нивното двегодишно дете прави многу врева во нивниот стан. Таткото верува дека неговото дете мора да научи како да се однесува, а тој процес на учење треба да започне колку што е можно порано. Освен тоа, тој повеќе сака да има мир и тишина во текот на неговото слободно време, бидејќи има многу напорна работа. Мајката чувствува дека не  може постојано да се запира двегодишно дете да си игра или да плаче, бидејќи тоа ќе го исфрустрира детето и ќе му наштети на неговиот развој.