2 – Работно досие 12: Квалитативни индикатори во образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и човекови права (ОЧП) во училиштето

Living Democracy » Textbooks » 2 – Работно досие 12: Квалитативни индикатори во образованието за демократско граѓанство (ОДГ) и човекови права (ОЧП) во училиштето

Алатката на Советот на Европа „Сигурност на квалитетот во демократско-политичкото образование“(www.coe.int/edc) содржи редица од индикатори како што се опишани во работното досие 11. Тие се поделени во поттеми и дескриптори кои го опфаќаат т.е. опишуваат квалитетот на ОДГ/ОЧП во едно училиште. Овие критериуми можат да се применат во оценувањето и евалвацијата. Употребата на овие критериуми овозможува споредба помеѓу актуелната состојба – на едно училиште во однос на ОДГ/ОЧП и целите кон кои се стреми.

Следната табела – составен дел на горе наведената алатка – може да се примени за оценување на актуелната состојбата – на ОДГ/ОЧП во едно училиште врз основа на индикаторите за квалитет.44

Области Индикатори за квалитет Поттеми, парцијални аспекти
Наставен план, предавање и учење

Индикатор 1

Има ли доказ за соодветно место на ОДГ/ОЧП во целите, политиката и наставните планови или моделот на училиштето?

  • училишна политика
  • планирање на ОДГ/ОЧП во училишниот развој
  • ОДГ/ОЧП и наставниот план/моделот на училиштето
  • координација на ОДГ/ОЧП

Индикатор 2

Има ли доказ за тоа дека учениците и наставниците развиваат разбирање за ОДГ/ОЧП и овие принципи ги имплементираат во училишното секојдневие?

  • придобивка од учењето на ОДГ/ОЧП
  • наставни методи и методи и процеси на учење
  • контрола на ОДГ/ОЧП

Индикатор 3

Дали обликувањето и изведувањето на оценувањето внатре во училиштето е во склад со ОДГ/ОЧП?

  • транспарентност
  • фер
  • подобрување
Училишна етика и училишна клима

Индикатор 4

Ги одразува ли училишната етика ОДГ/ОЧП-принципите адекватно?

  • употреба на ОДГ/ОЧП-принципите и вредностите во секојдневието
  • ознака и образец на авторитетот
  • можности за учество и саморазвивање
  • постапка за решавање на конфликти и приод со насилство, мобинг и дискриминација, вклучувјќи и дисциплинска политика
Училиштен менаџмент и училиштен развој

Индикатор 5

Има ли доказ за тоа дека училиштето се раководи според ОДГ/ОЧП-принципите?

  • стил на раководење
  • изнаоѓање на решенија
  • заедничка одговорност, соработка и тимска работа
  • висока подготвеност за реакција

Индикатор 6

Располага ли училиштето со осмислен план за развој на училиштето кој се заснива на ОДГ/ОЧП-принципите?

  • Партиципација и вклучување на сите групи на интереси
  • професионален и организациски развој
  • управување со ресурси
  • самоевалвација, контрола и должност за одговорност

Совет на Европа (2005): Демократско обликување на училиштата во теорија и пракса, Стразбур. линк: http://www.politischebildung.ch/fileadmin/redaktion/Demokratische_Schulgestaltung_in_Theorie_und_Praxis_2_Aufl_20080306.pdf

44. При развивањето на оваа алатка во 2005 година (превод на германски: 2008) индикаторите наведени во табелата се наведени единствено како индикатори на ОДГ. Проширувањето на ОДГ/ОЧП е направено за табелата во актуелната книга. Линк до германскиот превод: http://www.politischebildung.ch/fileadmin/redaktion/Demokratische_Schulgestaltung_in_Theorie_und_Praxis_2_Aufl_20080306.pdf