EВежба 4.8. – Глобинго: „Едно човечко суштество е дел од целиот свет“

Living Democracy » Textbooks » EВежба 4.8. – Глобинго: „Едно човечко суштество е дел од целиот свет“
Образовни цели Целта на оваа игра е да се покаже дека едно човечко суштество е дел од целиот свет.
Ресурси Ливчиња за бинго за секој ученик.
Лист со прашања.
Прашања за групна дискусија.

Процедура

  1. Учениците ги пополнуваат квадратчињата во зависност од поставените прашања. Секое квадратче има две линии, една за име, друга за држава. Тие треба да се обидат за секое квадратче да го најдат името на еден од соучениците и името на државата која одговара.
    Има многу различни прашања кои може да се постават. Обично би ви требале од А до Ј, но можете да додадете други, иако учениците можат да го искористат името на соученикот само еднаш. Инаку ќе треба да пречкртаат едно квадратче и нема да можат да добијат „бинго“ во тој ред.
  2. После играта, може да има групна дискусија. Учениците ќе дознаат дека миграцијата е нешто нормално во скоро секое семејство и нација. Тие ќе зборуваат за глобалната ситуација и светот како мрежа.

Материјали за наставници

Прашања: најдете ученик во просторијата кој…

  • патувал во странство
  • има другарче за допишување од друга земја
  • учи странски јазик
  • има роднини во странство
  • сака странска музика
  • му помогнал на посетител од странство
  • сака да јаде храна од странски земји
  • живее во дом каде се зборува повеќе од еден јазик
  • има роднини кои се родени во друга земја
  • видел некоја статија за странска држава во скоро време
  • скоро зборувал со некој кој живеел во странство
  • научил нешто за странска земја од телевизијата.

Прашања за групна дискусија

  1. Што научивте едни за други во овој процес?
  2. Што беше најизненадувачкото нешто што го дознавте за вашите соученици?
  3. Што ви покажува оваа игра за нашиот свет?

 

Материјали за ученици: Ливчиња за бинго

А
Име:
Држава:
Б
Име:
Држава:
В
Име:
Држава:
Г
Име:
Држава:
Д
Име:
Држава:
Ѓ
Име:
Држава:
Е
Име:
Држава:
Ж
Име:
Држава:
З
Име:
Држава:
Ѕ
Име:
Држава:
И
Име:
Држава:
Ј
Име:
Држава: