Вежба 4.1. – Сите поинакви, сите еднакви

Living Democracy » Textbooks » Вежба 4.1. – Сите поинакви, сите еднакви
Образовни цели Учениците учат како да се запознаат и прифатат едни со други во група.
Учениците откриваат што им е заедничко, а не биле свесни за тоа.
Учениците ги осознаваат ставовите и практиката поврзана со разликите.
Ресурси Креда или лента за правење линија на земјата.

Процедура

  1. Наставникот кажува низа на карактеристики една по една. Како што ги кажува, учениците кои ќе ја познаат карактеристиката кај себе ја поминуваат линијата.
    Примери: сите оние кои…

    • носат фармерки
    • имаат сини очи
    • се постари
    • посетиле други земји во Европа
    • редовно читаат весник
    • биле изложени на дискриминација
    • имаат хомосексуални пријатели/ки
    • имаат предрасуди, итн.

    Може да се побара од учениците да предложат карактеристики, но наставникот треба да биде свесен за чувствителните теми.

  2. Учениците ги дискутираат следните проблеми:
    • Дали сте биле во група со некој со кој сте мислеле дека немате ништо заедничко?
    • Како се чувствувате кога сте дел од голема група?
    • Како се чувствувате кога сте сами?

Варијација

Кога ќе се спомене карактеристика, учениците прават групи на часот составени од луѓе со исти карактеристики. Тие кратко седат заедно за да дискутираат за тоа што им е заедничко. Тоа што го кажуваат се однесува на пример, на склоностите и однесувањето.