Час 4: Користење на насилство

Living Democracy » Textbooks » Час 4: Користење на насилство

Дали користењето на насилство е прифатливо во некои случаи?

Цел на учењето Развивање на критичко мислење за прифатливоста на користењето насилство и за личното однесување.
Задачи за учениците Рефлексии од користењето насилство и за личното однесување.
Материјали Картички или хартиени ленти со случаи од материјалот за учениците 4.4. за секоја група.
(Наставникот треба да има некои информации за
судскиот систем при решавањето на конфликти во земјата.)
Метод Работа во мали групи.
Критичко мислење.

Информации за темата

Иако на мирот во светот се гледа како на крајна цел, ниту меѓународните закони за човекови права, ниту меѓународните хуманитарни закони не го исклучуваат користењето на насилството во апсолутни услови. Овој час има цел да придонесе за критичкото мислење на учениците во врска со легитимноста од користењето на насилство во посебни случаи. Учениците се замолуваат да рефлектираат во однос на нивното лично однесување во поглед на насилството, користено од нив или од други во нивната средина.

Часот

Одделението е поделено на работни групи од четири или пет ученици. Еден ученик или наставникот го презентираат случајот 1 од материјалот за учениците 4.4.

Можеби ќе биде премногу тешко справувањето со сите четири случаи во еден час. Поради тоа, наставникот може да одлучи и да даде различни случаи на различни групи, да одбере само два од четирите случаи или, пак, да додаде уште еден час.

Задачата на групата е да го дискутира случајот, употребувајќи ги прашањата дадени на картичката и усно да се презентира нивниот одговор. Наставникот треба да биде свесен дека основното прашање, кое треба да биде истражувано, е до кои размери користењето на насилство би требало да биде прифатено. Откако секоја група ќе одговори, наставникот може да даде некои дополнителни информации поврзани со случајот, пред да се презентира наредниот случај.

Копија од случаите, прашања и дополнителни информации за наставникот

Случај 1

Во врска со прашањето за анти-глобализацијата за време на демонстрации, една мала група луѓе започна да фрла камења врз управната зграда на една позната транс-национална компанија. Полициските сили, присутни на местото, видоа дека ова ќе продолжи и понатаму и се обидоа да ги уапсат инволвираните лица. За време на оваа интервенција, еден полицаец е фатен од луѓето кои фрлаа камења и сериозно е претепан.

Прашања:

  1. Дали би било прифатливо полициските сили да ги употребеа нивните пиштоли и да стрелаа во луѓето кои фрлаа камења?
  2. Дали би било прифатливо полицијата да интервенираше употребувајќи митралези? (Ова би било побрзо, но речиси сигурно би резултирало со повеќе загинати.)
  3. Дали би било прифатливо полицијата да чекаше, иако можеше да интервенира, употребувајќи воден топ?
  4. Дали би било прифатливо полицијата да не интервенираше со користење на сила, со цел да се избегне ескалација на конфликтот?

Информации

Следејќи ги меѓународните стандарди, полицијата може да употреби сила под одредени услови. Сила би требало да се употребува само ако е неопходно и би требало да биде соодветна со целта на интервенцијата. Ако еден полицаец добие наредба од својот претпоставен да интервенира на начин кој јасно се спротивставува со ова правило, според правилата на ОН се очекува од него/нејзе да одбие да ја изврши наредбата.

Случај 2

Земјата Х ѝ објавува војна на земјата Y, бидејќи Y слободно ги штити и дури ги финансира бунтовничките групи кои делуваат против земјата Х од земјата Y. Разузнавачкиот тим на земјата X открива во кое село престојува групата на добро истренирани и вооружени бунтовници и открива дека тие подготвуваат голем бомбашки напад врз една значајна индустриска мета.

Прашања:

  1. Дали би било прифатливо земјата Х жестоко да го бомбардира селото, осигурувајќи на тој начин само неколку да луѓе преживеат, вклучувајќи ги и локалните жители?
  2. Дали би било претходно прифатливо, по јасно барање до бунтовниците да се предадат и по јасно предупредување на локалното население да го напуштат селото, а по претресот за оружје, да им биде дозволено да се соберат на локалниот спортски стадион?
  3. Дали би било прифатливо да не се интервенира со употреба на сила? На кои алтернативи можеш да помислиш?

Информации

Меѓународните правила (таканаречени „ Женевски конвенции“) за водењето војни не предвидуваат тотална забрана за употребата на воена сила, но забрануваат некои видови на интервенции и оружје. Еден од принципите е дека воената сила не треба да биде употребувана против невоени цели и не би требало да биде ниту индискриминирана, ниту непропорционална: на пример, мора да се прават сериозни обиди за да се избегнат цивилните жртви со воздржување од употреба на силни бомби против воените цели, во ситуации каде што помалку силните бомби би биле доволни. На овој начин, цивилните жртви и смртта на невините страни (таканаречена „колатерална штета“) би можеле да се спречат. Како и да е, како што е спомнато погоре, ова не значи дека „Женевските конвенции“ сметаат дека колатералната штета е неприфатлива при водењето војни, но подобро би било да се предвиди до одредени размери.

Случај 3

Г-ин Х, млад човек вработен како технички асистент во една локална болница, редовно ја тепа неговата сопруга кога ќе се врати дома пијан. Еднаш, неговата жена ја информира полицијата за тепањето од страна на нејзиниот сопруг, кое понекогаш е многу сериозно. Сопругата на соседот, која случајно стана свесна за оваа ситуација, сега може да си замисли што се случува во соседната врата кога таа ги слуша нејзините соседи како се расправаат и викаат.

Прашања:

  1. Дали би требало жената на соседот да ја информира полицијата за ваквите случаи или тоа е неприфатливо мешање во приватноста на нејзините соседи?
  2. Кога ќе добијат информација од некого, дали полицијата би требало да интервенира во вакви околности?

Информации

„(…) Државите треба да го осудат насилството врз жената и не треба да се повикуваат на никаков обичај, традиција или религиско сфаќање за да ги избегнат нивните обврски во поглед на неговото елиминарање. Државите би требало да го исполнуваат тоа со сите соодветни средства и без одложување на полицијата при елиминирањето на насилството против жените и ,поради таа цел, би требало:

(а) Да се земе предвид, онаму каде што сеуште не е сторено, ратификување или ставање во сила на Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените или повлекување на сите изговори за таа конвенција;

(б) Воздржување од учество во насилство врз жените;

(в) Вежбање да се преземаат разумни чекори со цел една личност да избегнува акт на тортура, истражување и во согласност со националната легислатива, казнување на чинот на насилство врз жените, без разлика дали тој чин ќе го изврши државата или приватни лица (…).“

Од Декларацијата на ОН за елиминирање на насилството врз жените (1993).

Случај 4

Лео, 13, е слабо и, поточно кажано, мало момче. Тој е често злоставуван од некои повозрасни момчиња, додека си игра на локалното игралиште. Овој пат, тој им одговори дека тие не би требало постојано да го вознемируваат и дека тие се однесуваат како необразовани, примитивни луѓе. Како последица на тоа, постарите момчиња започнаа безмислосно да го тепаат. Другарот на Лео гледаше што се случува, кога влезе на игралиштето. Некои повозрасни луѓе, исто така, гледаа што се случува кога поминуваа крај игралиштето, на патот за дома, по купувањето храна на пазарот.

Прашања:

  1. Дали другарот на Лео би требало да се вмеша во овој случај? Како?
  2. Дали повозрасните луѓе би требало да се вмешаат? Како?
  3. Кои други решенија би ги предложил?

Како една дополнителна задача, учениците би можеле да состават едно писмо до постарите момчиња, во кое ќе објаснат што мислат за нивното однесување. Ова би можело да биде и задача за домашна работа или за групите кои работат побрзо.