7.1 Недостатоци кај вообичаените политички науки

Living Democracy » Textbooks » 7.1 Недостатоци кај вообичаените политички науки

Во традиционалната, кон содржина ориентирана настава по политички науки тежиштето лежи во посредувањето на факти и информации за институционалните рамки на дадената земја. Овие содржини беа повеќе или помалку безвременски и дозволуваа систематско учење и проверување. Од аспект на учениците скоро да немаше разлика помеѓу учењето на факти за парламентот напамет и интензивното учење напамет на имиња на различни слатководни риби: и двете се учеа за испит и следниот ден материјалот беше веќе повторно заборавен. Еден таков наставен метод не придонесува многу за образувањето на полнолетните граѓани во демократски општества базирани на човековите права.