Час/Лекција 4: Човекови права во живо!

Living Democracy » Textbooks » Час/Лекција 4: Човекови права во живо!

Презентирање и дискусија за резултатите од анкетата

Цели на учењето Учениците стануваат свесни за тоа како луѓето различно ги вреднуваат човековите права со презентирање на резултатите од нивното истражување. Размислуваат за своите процеси на учење и со тоа го овозможуваат трансферот на знаење и компетенции.
Задачи на учениците Учениците ги презентираат и дискутираат резултатите од својата анкета. Размислуваат за целиот процес на учење.
Ресурси А4 хартија.
Методи Групна дискусија, пленарна дискусија.

 

Информација

Дискусија (размена на аргументи, од Латински doscussio, аргумент) е специфична форма на вербална дискусија помеѓу две или повеќе личности во која се разговара на една или повеќе теми – дискутирани – каде секоја страна ги претставува своие аргументи. Дискусијата треба да се одржува во духот на взаемна почит. Добар стил на дискусија бара од говорителите да дозволат, дури и да поттикнат погледите и мислењата на другите да бидат искажани, да се разгледаат внимателно наместо веднаш да се отфрлат. Личните квалитети како смиреност, став, и учтивост се предност за двете страни. Во најдобар случај, дискусијата би водела до решение на проблемот или компромис кој ќе биде прифатлив за двете страни.

Во модерните општества, дискусиите се цивилизирани, односно, ненасилен начин за справување со контроверзијата кога се работи зза конфликти на интереси и цели. Конфликтите не се потиснати, туку се решаваат. Со учење и примена на вештините на дискусија, учениците учат основен елемент за градење и одржување на мир во општеството.

 

Опис на часот

Учениците треба да ги претстават резултатите од нивните анкети во врска со ставовите, знаењето и имплементацијата на човековите права. Нема да е можно да се претстават сите резултати на еден час. Наместо тоа, класот треба да биде поделен на три групи, каде секоја група ќе ги претставува заедничките резултати.

Само најопштите забелешки ќе можат да се изнесат на пленарната дискусија, која ќе биде основа за крајна дискусија.

Се препорачува секој студент да си направи забелешки на парче хартија за она што за нив беше најзачудувачки, најзадоволително, и највознемирувачки за интервјуто.

Овие белешки треба да бидат напишани така што ќе можат да се закачат некаде во училницата.

Во нашата земја сèуште постои прекршување на човековите права
Се изненадив колку луѓе сакаа да одговорат на прашањата.
Спецификите за човековите права не се генерално познати.

За финалната дискусија важно е наставникот да не заклучува дека учениците сега знаат сè за човековите права. Ова е само прва анализа на пристапот кон човековите права. Учениците треба да бидат мотивирани и да сакаат да продолжат да размислуваат за човековите права и да одржуваат критичка гледна точка. Наставникот мора да продолжи да ги охрабрува мотивираните ученици да научат повеќе за човековите права со проучување на работата на Обединетите Нации, Советот на Европа, или групите за човекови права како Амнестија Интернаионал.

Сите клучни реченици од резултатите од интервјуата треба да се истакнат во училницата и учениците треба да ги прочитаат во себе. Потоа треба да следи дискусија која може да биде поделена во прашања и одговори во врска со следното:

  • Процес на учење;
  • Ново знаење;
  • Искуства за време на интервјуата;
  • Идеи за тоа како да се продолжи да се работи на темата за човекови права како клас или посебно.

Оттука, би било добро ако секој кој бил вклучен (наставникот, учениците и целото училиште) разбира како работата на оваа тема ќе продолжи во идинина. Темата за човекови права секогаш ќе биде интересна за луѓето – тоа не е само тема која треба да биде завршена со листа на работи кои треба да се направат.