Метод 8: Мисловни мапи

Living Democracy » Textbooks » Метод 8: Мисловни мапи

Англискиот поим „Mind Map“ (изговорено: мајнд меп) значи нешто како „мисловна мапа“. Една Mind Map ти помага да ги подредиш твоите мисли. Mind Maps можат да бидат многу корисни во многу различни ситуации во кои ти мора да размислиш на одредена тема: кога собираш идеи, подготвуваш презентација, планираш проект итн. Многу инспиративни примери за Mind Maps ќе најдеш доколку го напишеш зборот „Mind Map“ на Google или на друг пребарувач.

Упатство за креирање на Mind Map

  • Напиши го името на твојата тема во средината на голем лист хартија (А3).
  • Нацртај неколку дебели главни линии, кои во форма на зрак излегуваат од овој круг. Над секоја линија напиши една поттема или главно прашање за твојата тема.
  • Поаѓајќи од дебелите главни линии можеш да нацрташ други  послаби линии, кои претставуваат дополнителни подкатегории или прашања.
  • Користи исто така различни бои, големина на букви и симболи за прегледно да ја дизајнираш твојата Mind Map.
  • Прекини дури тогаш кога на главните и споредните линии ги имаш напишано сите прашања и аспекти кои те интересираат на твојата тема.

Спореди ја твојата Mind Map со Mind Maps на соучениците

  • Што ти паѓа на памет?
  • Во кој поглед вашите Mind Maps се слични?
  • Во кој поглед тие се разликуваат?
  • Кои се најважните поими?
  • Дали подредувањето на подкатегориите има смисла?
  • Недостига ли нешто важно?
  • Што би променил кај твојата сопствена Mind Map?