Материјали за наставници 1.1: Цитати за изборите и идентитетот

Living Democracy » Textbooks » Материјали за наставници 1.1: Цитати за изборите и идентитетот

Со изборите и делата во нашиот живот, ние ја создаваме личноста која сме и лицата кои ги носиме.

Кенет Патон

Одлуката е ризик кој е вкоренет во храброста да се биде слободен.

Паул Тилих

Се што сега правиш е нешто што си избрал да го правиш. Некои луѓе не сакаат да веруваат во тоа. Но ако имаш над дваесет и една година, сам си го правиш животот. За да си го смениш животот, мора да си ги смениш приоритетите.

Џон К. Максвел

Јас верувам дека само ние сме одговорни за нашите избори и мора да ги прифатиме последиците од секое дело, збор и мисла во нашиот живот.

Елизабет Kubler-Рос

Ако сакате нешто да биде кажано, обратете се кај маж. Ако сакате нешто да биде направено, обратете се кај жена.

Маргарет Тачер

Слободата, земајќи го зборот во конкретна смисла, се состои во способноста да се избира.

Симон Веј

Најголемите умови се способни за најголемите пороци, но и најголемите доблести.

Рене Декарт

Главното нешто што историјата може да нè научи е дека човечките дејствувања имаат последици и дека некои избори, штом ги направиш не можат да се поништат. Тие ја исклучуваат можноста да се прават други избори, а оттаму ги одредуваат идните настани.

Герда Лернер

Моќта да се избере меѓу добро и лошо е во сечиј дофат.

Ориген

Своето „Јас“ не е нешто веќе готово, туку нешто во постојано формирање преку изборот на дејствување.

Џон Дјуи

Она што жените допрва треба да го научат е дека никој не ти дава моќ. Мораш да ја земеш.

Розен Бар

Кога бирам меѓу две зла, секогаш сакам да го пробам тоа што го немам пробано досега.

Меј Вест

Жените и мачките прават како што сакаат, а мажите и кучињата треба да се опуштат и навикнат на тоа.

Роберт А. Хајнлајн

Мораш да ја вежбаш интуицијата – мораш да му веруваш на гласчето во тебе кое ти кажува точно што да речеш, што да одлучиш.

Ингрид Бергман

 

Еден брод плови на исток

адруг на запад

од исти ветрови кои дуваат,

не е бурата што бие,

туку едрата се тие

патот што го покажуваат.

Како што морските ветрови

се бранови временски

дур’ ја пловиме животната тура,

за целтасе слуша

само нашата душа

а ниедно затишје ил’ бура.

 

Ела Вилер Вилкокс (препев од англиски: Драган Петровски)

www.wisdomquotes.com