2.2 Клучни прашања

Living Democracy » Textbooks » 2.2 Клучни прашања

Прашања за утврдување на целите:

  • Кои цели сакам да ги постигнам?
  • Како го образложувам изборот на овие цели?
  • Кои се најважните компетенции, кои на крајот од наставната тема сакам да ги видам остварени?
  • Каков приоритет им давам на моите цели (прв, втор, евентуално трет приоритет)?
  • Кои цели моментално ми се особено важни – за целокупното одделение, за поединечните ученици?
  • Дали внимавав на тоа избраните цели да се ориентирани на интересите и потребите на моите ученици? Дали лекциите навистина одговараат на она што ги интересира моите ученици и она што го носат со себе како предзнаење?
  • Дали е возможно моите ученици да учествуваат во дефинирањето и изборот на целите на учење?
  • Колку време (лекции и седмици) се предвидени за постигнување на овие цели?
  • Кои цели треба внатре во расположливото време на настава да се постигнат од сите ученици (Минимални цели или минимални стандарди)? Кои би биле проширените цели или стандарди?
  • Дали постојат специфични нивоа на постигнувања и барања кои мора да бидат дефинирани за поединечни ученици или на пр. за две до три групи на нивоа (во смисла на индивидуализација, внатрешна диференцијација и ориентирање на учениците?
  • Дали им овозможив на учениците да го исполнат чекорот од знаење кон делување, можат ли тие стекнатото знаење самоуверено да го употребат?
  • На што се концентрирам во предавањето – на предметната компетенција, на самокомпетенцијата или на социјалната компетенција?
  • Имам ли јасна претстава за краткорочните и долгорочните цели кои се од првенствено значење за моето одделение, за ученичките групи, за поединечните ученици?
  • Дали јасно и експлицитно ги формулирав целите?

Прашања за избор на теми и материјал:

  • Која тема ја избрав?
  • Кои се причините за мојот избор на теми?
  • Која структура ја има мојата тема?
  • Соодветствува ли мојот избор на теми со наставниот план?
  • Дали јас самиот сметам дека темата е интересна; што специјално ме интересира во неа?
  • Кои аспекти од мојата тема можат да бидат посебно интересни за моите ученици?
  • Во колкава мера кај оваа тема постои врска помеѓу учењето внатре во и надвор од училиштето?
  • Постои ли врска помеѓу темата и реалниот свет во кој се движат учениците?
  • Имам ли доволен преглед над целата област на знаење за да можам од неа да изберам специфична тема? Како можам да го подобрам моето знаење? Морам ли да спроведувам истражувања или експерименти пред  да можам да ја обработам темата во одделението?
  • Кој материјал за специфичните аспекти на темата ми стои на располагање?
  • Дали при изборот на материјалите ја користам можноста да се поврзам со новите електронски медиуми (интернет, е-маил, You Tube филмови итн.)?
  • Дали учениците имаат можност нивните лични искуства, компетенции, вештини, заднини и состојба на знаење (деца со поинаква културна или јазична заднина) да ги претстават во наставата?
  • Дали темата ги зема предвид специјалните потреби како на девојчињата така и на момчињата?