4. Доживување, запознавање и спроведување на детските права

Living Democracy » Textbooks » 4. Доживување, запознавање и спроведување на детските права

Децата не само што треба да знаат кои права ги имаат; тие треба исто така и да научат овие права да ги прифатат и користат. За да се случи тоа, училиштето мора да понуди рамка во која учениците ќе можат да ги стекнат тие многубројни искуства за изучување на односното. Во врска со трите главни димензии на образованието за демократија се работи примарно за следните искуства:

Доживување на детските права: Учениците ги сознаваат детските права во форма на принципи кои што директно го одредуваат нивниот соживот во одделението и во училишната заедница, кои имаат значи непосредна врска со тоа. Овде се работи за посредување и изградување на ставот, вредностите и вештините.

Запознавање на детските права: Учениците сознаваат и сфаќаат кои права ги имаат. Услов за овој процес во кој знаењето и разбирањето се во центарот на вниманието е целниот и аналитично планираниот вовед од страна на еден наставник.

Спроведување на детските права: Децата се охрабруваат да се залагаат за нивните права во одделението и во училиштето и да ги чуваат. На овој начин се подготвуваат за нивната идна улога како информирани и активни граѓани во демократската заедница, (значи овде централно се работи за учеството во животот во училиштето и подоцна во животот како возрасни.)

Трите димензии на учење во образованието за демократија се поддржуваат и дополнуваат едни со други. Можностите како може да се иницираат и да се спроведат соодветните процеси на учење ни ги посочува овој прирачник. Посебно аспектот на „доживување на детските права“ условува грижлив избор на наставни методи. Само така учениците можат да го сознаат училиштето како една микро заедница која навистина се раководи од принципите на детските и човековите права. Во оваа смисла тие мора задолжително да стекнат искуството дека тие ќе бидат респектирани како личности и нивното мислење во дискусиите и процесот на одлучување сериозно ќе биде прифатен. Искуствата кои што децата и младите ги имаат треба да се респектираат и рефлектираат, а тоа се наоѓа токму на пресекот меѓу нивната сопствена реалност и знаењето за човековите и детските права. – Дека за целата училишна заедница е голема задача да се запознаат детските и човековите права, да се доживеат и спроведат на училиште – пред сѐ, во примерни рамки во училиштето – да научат како може да се учествува во едно демократско општество е навистина надвор од сомнение. За оваа задача успешно да се совлада, не треба само наставниците и училишното раководство да дадат својот придонес, туку исто толку многу и учениците и нивните родители. Во овој процес тоа е често пропагиран принцип на учество кое што конкретно треба да се доживее. Многу веќе доживеани форми на учество во училиштето и училишната заедница со ова стануваат дел од образованието за детските права.

Различни форми на учество

Учеството може да добие различни форми. Тоа започнува во училницата или во училишната заедница и расте сѐ повеќе во текот на животот:

  1. Да се информира себе си за актуелни прашања и раководствените сили
  2. Да се пишува за актуелните прашања и раководствените сили
  3. Да се дискутира за актуелни прашања
  4. Да се залага за одредена работа во заедницата
  5. Да се формира група од интерес (или политичка партија) или да се пристапи на општествена организација или на базична организација
  6. Да се учествува на средбите на групите со заеднички интереси
  7. Да се стане раководител на невладина организација
  8. При избори да се оди на гласање
  9. Да се поддржат кандидатите во предизборната трка
  10. Да се кандидира како кандидат на избори и доколку се биде избран да се стапи во служба
  11. Да се плаќаат даноци
  12. Да се лобира
  13. Да се отслужи воена служба
  14. Да се користат постоечки правни патишта, како на пр. да се контактираат владини службеници. Да се донесе еден случај пред суд итн.