9. Подготовка на фолии за графоскоп или Power Point презентација

Living Democracy » Textbooks » 9. Подготовка на фолии за графоскоп или Power Point презентација

Power Point презентациите или фолиите за проектор презентација најчесто се користат за време на презентациите и истите правила важат и за двата вида презентации.

Кога изработувате фолија/слајд, обратете внимание на:

  • Читлив и јасен фонт;
  • Да се користи само еден фонт;
  • Да се пишува со големи букви;
  • Да има доволно простор меѓу редовите;
  • Да нема премногу текст на секоја од фолиите/слајдовите;
  • Фолиите/слајдовите да се чисти и да нема траги од тонер на нив;
  • Да има доволно големи, видливи слики, мапи и графици;
  • Да има само неколку различни бои и симболи;
  • Да нема премногу фолии/слајдови.

Што е подобро- фолии за графоскоп или Power Point презентација?

Секое од нив има и предности и недостатоци. Подолу ќе прочитате за неколку важни аспекти за двата вида на презентирање кои ќе ви помогнат да се одлучите за една.

Која форма на презентација повеќе одговара за вашите потреби?

Прочитајте за да можете да се одлучите полесно.

Фолиите за проектор презентација повеќе одговараат ако:

  • Имате помалку од 5 фолии за прикажување;
  • Сакате да покажете или да објасните нешто повеќе за време на презентацијата;
  • Сакате да пишувате на фолиите за време на презентацијата;
  • Сакате да покажете само по една слика на секоја од фолиите;
  • Сакате да покриете и да откриете нешто на сликата;
  • Сакате да им дадете задача на вашата група и да им доделите по една фолија на секој член на групата.

Power Point презентациите повеќе одговараат ако:

  • Имате многу информации кои треба да ги презентирате;
  • Имате голем број на слајдови;
  • Сакате да покажете делови од информации една по друга на ист слајд;
  • Сакате да покажете нешто од Интернет за време на презентацијата;
  • Сакате да покажете видео клип, дигитална слика или нешто што имате во компјутер;
  • Сакате да го користите видеото подоцна во презентацијата или да го прикажете поинаку?