Лекција 3: Кои правила најмногу ни одговараат?

Living Democracy » Textbooks » Лекција 3: Кои правила најмногу ни одговараат?

Учениците ги споредуваат и оценуваат нивните решенија

Оваа матрица ја сумира информацијата која наставникот треба да ја испланира и предаде на часот.

Стручното оспособување директно се однесува на ОДГ/ОЧП.

Крајната цел на учење покажува што учениците знаат и разбираат.

Задачата на учениците, заедно со методот го формираат главниот елемент на процесот на учење.

Списокот на материјали е во корист на подготовката за час.

Временскиот буџет на наставникот му дава груба ориентација за организацијата на време.

Стручно оспособување Аналитичко размислување: споредба на критериуми.
Расудување: избирање критериуми и цели.
Ставови и вредности: заемно признавање.
Крајна цел на учењето Ефикасност, контрола на моќта, спроведување на правила, остварливост, праведност.
Задачи на учениците Учениците ги споредуваат и оценуваат нивните нацрти.
Домашна задача: учениците ги донесуваат нивните одлуки за нацрт-рамката и нацрт-правилата за конференцијата.
Материјали и извори Материјал за ученици 5.3, 5.4; хартиени табли (или алтернативи).
Метод Презентации.
Дискусии.
Временски буџет 1. Учениците ги претставуваат нивните решенија. – 20 мин.
2. Учениците ги споредуваат нивните нацрти. – 15 мин.
3. Учениците добиваат две домашни задачи. – 5 мин.

 

Информационо поле

Наставникот може грубо да предвиди кој пат ќе го одберат учениците, но не повеќе. Информациите се нови за наставникот исто колку што се за учениците. Тие се справуваат со тешките прашања кои биле различно одговорени, како што покажуваат историјата и сегашните политички системи. Членовите на заедницата бараат решение кое најмногу им одговара. Тие се согласуваат за целта, но можеби имаат различни идеи за како таа да се постигне.

Овој час е вежба за демократската политичка култура.

Наставникот треба да ги мотивира учениците да ги споредуваат и оценуваат аналитичките и практичните квалитети на нацртите, а тоа и самиот да го направи. Учениците треба да сфатат дека преферирањето на одреден пристап на создавање институции е често поврзано со искуството и вредностите. Ова не е отворено за дискусија и размислување. Учениците треба да се мотивираат да ги искажат нивните преференции, во атмосфера на заемно признавање. Сосема поинакво прашање е дали на крајот заедницата  ќе го прифати нивниот нацрт.

Опис на лекцијата

1. Учениците ги претставуваат нивните решенија

Групите, една по една, ги претставуваат нивните нацрт-решенија. Сите ученици го користат материјалот за ученици 5.3 како алатка за споредба.

Редот на презентација: групите кои имаат исти основни избори презентираат една по друга, бидејќи можат полесно да се споредуваат. Во овој случај можат брзо да излезат две основни алтернативи.

2. Учениците ги споредуваат нивните нацрт-решенија

Материјалот за ученици 5.3 ги дава критериумите за споредба. Еве некои веројатни комбинации – но креативноста на учениците може да создаде и други резултати!

А. Основи
Модел 1 Модел 2
Модел 3
Модел 4
Модел на владеење Државна власт Државна власт Деловни контакти Мешан модел
Форма на сопственост Јавна сопственост Приватна сопственост Јавна сопственост Приватна сопственост
Тенденција Централизирана планирана економија или „зелено диктаторство“ Конкурентен пазар (капитализам) + „силна држава“ (Западен модел) Кантонален модел, автономна задруга Полу-автономна задруга; правила за испорака на вишокот риба во задругата
Б. Правила

Нема директна врска од одредени модели до одредени правила. Можни се многу различни комбинации. Некои од најважните  поенти се искажани во материјалот за ученици 5.3:

  • Која е целта?
  • Кој ја има моќта за донесување одлуки?
  • Дали се овозможени алатки за спроведување на власт?
  • Дали се вклучени чувари против злоупотребата на моќ?

3. Учениците дискутираат за нацрт-решенијата

Во дискусијата учениците ги применуваат критериумите на моделите. Тие веројатно ќе ги претпочитаат моделите кои го имаат истиот основен пристап како и нивните модели, па ќе има дебатирања за овие избори. Сепак, постојат критериуми според кои сите модели можат да се оценуваат. Ако не ги изнесат учениците, тоа може да го направи наставникот:

  • Цел на одржливост: дали рамката од правила ги поддржува рибарите при постигнување на одржливите цели?
  • Изводливост: дали системот од правила е доволно едноставен да се разбере и спроведе во пракса?
  • Праведност: Дали се правилата фер?
  • Демократија и човекови права: дали правилата ги задоволуваат стандардите на демократијата и човековите права?
  • Легитимност: Едногласната одлука за правилата е многу пожелна. Дали членовите на заедницата можат да се согласат на една група правила?

4. Домашна задача: учениците ги прават нивните избори

Наставникот ја завршува дискусијата неколку минути пред крајот на часот. Тој/таа како раководител на играта/процесот им објаснува на учениците дека во последната лекција членовите на заедницата ќе имаат конференција на која ќе ја усвојат рамката.

Ученицте имаат две задачи кои треба да ги подготват за конференцијата:

Задача број 1: избирање на нацрт-рамка

Нема да има време за детална дискусија. Затоа домашната задача на учениците е да се решат. Мора да се донесе одлука и затоа тие треба да се спремни на компромиси. Рамката која задоволува некои клучни критериуми е подобра од продолжување без таква.

Тие можеби ќе дадат предност на одредени критериуми и ќе го најдат нивниот избор на овој начин.

Тие треба да подготват краток исказ со кој би ги придобиле другите членови на заедницата да го усвојат нивниот омилен модел.

Задача број 2: прифаќање или изменување на процедуралните правила на конференцијата

Наставникот објаснува:

На важен состанок како што е конференцијата потребна му е рамка од правила, исто како што се потребни за заедницата. Членовите мораат да се согласат за овие правила пред да почне конференцијата. Ако не се направи ваков договор, можат да произлезат тешки ситуации ако членовите не можат да се согласат како да се гласа или да се бројат гласовите.

Материјалот за ученици 5.4 содржи предлог-процедурални правила. Тие ќе бидат први на дневниот ред, бидејќи ќе се применат веднаш потоа. Учениците затоа треба да го имаат формирано нивното мислење: дали ќе ги прифатат правилата какви што се, или сакаат да ги променат?