Глава 9 – Работен материјал за наставници: медиумите во демократските општества

Living Democracy » Textbooks » Глава 9 – Работен материјал за наставници: медиумите во демократските општества

Основен материјал за наставици

Во една демократија, медиумите се секогаш на страна на луѓето и вистината. Фактите се презентираат обејктивно и разбирливо. Мислењата и судовите се експлицитно означени (со јасна дистинкција помеѓу порака и коментар, на пример), како информација за која никој нема познати факти или за која никој не може да прави претпоставки.

Понатаму, постои разноликост помеѓу медиумите, и тоа води до провизија на комплементарната информација, како и до поправање на еден медиум од страна на друг. Така, медиумските корисници треба да се во можност да дојдат до избалансирана информација на која ќе ги темелат своите ставови.

Сепак, кога постои диктатура, медиумите се на страна на тие кои се на власт. Медиумите ги поддржуваат изворите на моќ и политиката на тие кои се на власт со користење на техники на пропаганда (како занемарување на информација, лажирање на информации, или со давање на емоционална димензија на една информација, итн.).

Сепак, спротивното може да биде исто така вистинито. Анализа на медиумите во една земја може да покаже дали таму се живее во демократија или не. Слободата на мислење и слободата на печат се едни од примарните елементи на демократијата: без нив нема демократија или потполно уживање на човековите права. Во минатото, медиумите имаат придонесено за успешен крај на неколку стории за човековите права. Повеќепати медиумските стории, телевизиските интервјуа или други визуелни пораки довеле до ослободување на политички затвореници; и повеќе пати многу луѓе имаат пратено пораки за известување до други луѓе преку своите мобилни телефони за да ги предупредат за иминентна катастрофа.

Сите се алармираат кога ќе се направи консолидација на масовните медиуми во една демократија. Ова значи дека сите медиуми известуваат за еден настан на ист начин, иако тие може да имаат различни мислења и ставови за тој настан.

Благодарение на протестите и публикациите на неколку критички-настроени поединци, секогаш е возможно да се дојде до балансирана информација и постои шанса  дека таквата консолидација на медиумите може повремено да биде откриена. Повеќето граѓани може да ги користат само консолидираните масовни медиуми, и ефектите од тоа не смеат да бидат потценети.

Медиумите исто така носат одговорност за информациите кои ги шират: дали новинарот може да биде сигурен дека информацијата за која известува е вистинита? Дали нивниот критички став е оправдан или тие само сакаат да бидат првите кои ќе известат за некој “скандал”?

Користењето на медиумите исто така значи употреба на моќ. Без разлика кој ги слика сликите, кој ги снима звуците и ги објавува треба тоа да го прави со најголема одговорност, и треба да се свесни за значењето на тоа во една демократија.