Вежба 7.1. – Ѕид на тишината

Living Democracy » Textbooks » Вежба 7.1. – Ѕид на тишината
Образовни цели Учениците стануваат свесни за нивните концепти за демократијата.
Ресурси Големи листови хартија прикачени на ѕидот и маркери (за група од петмина)

Процедура

  1. Учениците прават групи од петмина. Секоја група седи во полукруг околу табла прикачена на ѕид. Тие треба да напишат една реченица, во тишина и во определено време, од типот: „Демократијата е…“
  2. Учениците одговараат на речениците или зборови кои веќе се запишани.
  3. По поминувањето на времето за пишување, секој ученик бира и чита реченица која тој/таа не ја напишал/а. Учениците ги споделуваат резултатите на часот.
  4. Се разменуваат мисли:
    • „Јас научив…“
    • „Јас открив…“
    • „Јас би сакал/а да дискутирам…“

Варијација

Наместо користење постери на ѕидот, учениците седат околу една маса и пишуваат на голем лист хартија.

Општа информација

„Ѕид на тишината“ е метод за „бура на идеи“ кој може да се користи на почетокот на одредена лекција или за клучни концепти како што се демократијата, диктаторство, правда, мир, образование, еднаквост, слобода, итн.

Методот им користи на учениците кои се помалку екстровертни или сакаат да имаат време за размислување пред да кажат нешто. Овие ученици често не се во предност, поради ораторската и фронталната организација на часот.